Предлог за лесна пегла со попристапна цена? Земала мајка ми нова на Russell Hobbs, ќе прикачам слика, и ја испофалиле во продавницата, јас полошо нешто немам користено. Претходно пеглав со Филипс, супер ми беше, немам проблем со пеглање, баш ме релаксира ама со оваа не можам ни најобична маица да испеглам и многу е тешка на рака. Ако се мислите случајно за нејзе, да ве поштедам од нервози. Сега не знам дали пак на Филипс да земам или имате предлог за некоја друга?
Јас исто се зафркнав си имам Филипс повеќе години и сакав поголема зедов Тефал ама тешка, не ми е практична ич. Пробав на два пати со неа и си стои така, пеглам со старата, плус она за водата распрскувачо мм му падна ја скрши ама пак не се откажувам од неа. Сега следно ќе одам пак Филипс ќе си земам само поголема. Се полажав по марката Тефал дека и тие се добри, ама за мене е попрактично да е лесна пеглата. Јас секој стрес си го вадам со пеглање тоа ми е релакс време па уште фали да ми тежи на рака.
Вчера бев и јас прашував помеѓу Филипс и Тефал, и мене исто ми ги нудеа Тефал како подобри, ама ми беше некако тешка таа што ја гледав. Ќе си одберам некоја на Филипс пак, да не се мислам со другиве.