Каков стил на поезија сакате најмногу да читате ? Поезија која ви оставила голем впечаток и која би ја препорачале?
Го делам мислењето. Тоа е поезија што се памети. И Никола Маџиров има многу убава поезија. Сакам љубовна поезија. Еротска поезија или готика односно темна поезија не сакам.
Покрај Пабло Неруда, во последно време многу се навлеков на поезија, благодарение на Рупи Коор (Rupi Kaur). Млада и многу перспективна поетеса. Моја препорака за двете нејзини збирки: Milk and honey и The sun and her flowers. Ми се допаѓа оној наивен момент низ стиховите; колку повеќе читаш толку повеќе ја сфаќаш длабочината на зборовите, пак, искажано на толку едноставен и опиплив начин. Секоја препорака, вреди да се прочита нешто вакво.