1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква супер сила поседува секој знак

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 23 септември 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Го знаете она старо прашање: „Доколку би можеле да поседувате некаква суперсила, која би ја одбрале?“ Инспирирани од суперхероите и научно-фантастичните филмови, решивме да ја споделиме со вас суперсилата која ја има секој хороскопски знак. Во продолжение дознајте кој знак може да ѕирне во душата на другите луѓе, кој може да менува облик, кој е неуништлив, а кој може да лета.Која е суперсилата на вашиот хороскопски знак?

    Овен – неограничена енергија

    Доколку овните би биле суперхерои би можеле да скокаат од еден до друг покрив на зграда и да летаат побрзо од испукан куршум, без да мораат да направат пауза измеѓу двете активности.

    Бик – супер цврстина

    И емоционално и физички, биковите можат да издржат тежок товар, страшни разочарувања и големи животни катастрофи. Претставниците на овој знак се буквално нераскинливи.

    Близнаци – ментално даунлодирање

    Близнаците имаат способност да впијат огромна количина податоци во една секунда. Без разлика дали читаат книги или испити во библиотека или читаат нешто на компјутер, близнаците имаат неограничен капацитет за примање информации.

    Рак – надчовечка емпатија

    Раковите имаат способност да ги почувствуваат емоциите на другите луѓе и можат физички да се поврзат со емоционалната состојба на секој жив човек, животно или растение.

    Лав – огнена топка

    Примајќи ја неограничената моќ од Сонцето, лавот има способност да создава оган. Доколку некој му се закани нему или на неговите најблиски, тој ќе се заштити себеси создавајќи огнена топка за само неколку секунди, која ќе ја исфрли врз непријателот.

    Девица – човечко торнадо

    Брзината и интензитетот кои ги поседува девицата, ја претвораат во еден вид човечко торнадо. Таа може да се движи од едно кон друго место со неверојатна брзина и може да ги завршува обврските со брзина од 200 км на час.

    Вага – менува облици

    Вагата има способност да го промени својот облик, а тоа ѝ овозможува да може да се прилагоди на секоја можна ситуација, околина и група луѓе. Оваа моќ на вагата ѝ овозможува да го искуси животот во многу различни форми.

    Скорпија – душевен јасновидец

    Со само еден поглед во нечии очи, скорпијата може инстантно да ја види длабочината на душата на другите луѓе: нивната болка, животната цел и вистинското лице.

    Стрелец – извлекувач на вистината

    Стрелецот има способност да го натера секој жив човек, во секоја можна ситуација да ја изусти вистината. Измама, итрина, заобиколување или одбивање да се каже вистината, нема да ви „пројдат“ пред стрелецот и неговата моќ да ја извлече и пронајде вистината.

    Јарец – контролор на умот

    Моќните ментални сили на јарецот му овозможуваат да ги натера сите околу себе да се поклонуваат на неговите желби. Со ваквата способност, не постојат граници во однос на сето она коешто овој знак може да го постигне.

    Водолија – способност за летање

    Со нејзината способност да „полета“, водолијата има способност да се издигне над светот и да искуси нови култури, да ја пронајде неправдата или едноставно да го почувствува ветарот на својата кожа.

    Риби – создавач на свет од соништата

    Секоја фантазија или сон, може да постане нова реалност за рибите. Без разлика дали станува збор за одење на тропска плажа, во Античкиот Египет или во некој друг алтернативен универзум, имагинацијата која ја имаат рибите може да ги одведе буквално онаму каде што сакаат.
     
    На buba4e89, Papillon.Papi, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Точно е до некаде ова за стрелецот, ама заборавиле да напишат и дека кога мочам во снегот правам дупка. :!: :wasntme:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Точно е за шкорпијата, погодиле :)
     
    На Ema.Sk и Lali-Esposito им се допаѓа ова.
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Ненадминливи фантазери :D - тоа е тоа
     
  5. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    точно е за вагата :)
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ... Можат да ги почувствуваат емоциите на другите... :wasntme:
    Ова доаѓа нешто како читање мисли, или во овој случај `читање` чувства.
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Рак – надчовечка емпатија

    Раковите имаат способност да ги почувствуваат емоциите на другите луѓе и можат физички да се поврзат со емоционалната состојба на секој жив човек, животно или растение.


    Aми точно си е :wasntme:
     
    На Mishela, Sara123 и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вага – менува облици

    Вагата има способност да го промени својот облик, а тоа ѝ овозможува да може да се прилагоди на секоја можна ситуација, околина и група луѓе. Оваа моќ на вагата ѝ овозможува да го искуси животот во многу различни форми.



    Менува , точно е , само за разлика од Близнаците ,кај нас тоа не се граничи со шизофренија :lol:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Делумно, но не и целосно....за јарец :?:
     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Јарец – контролор на умот

    Моќните ментални сили на јарецот му овозможуваат да ги натера сите околу себе да се поклонуваат на неговите желби. Со ваквата способност, не постојат граници во однос на сето она коешто овој знак може да го постигне.

    ...

    Интересно. :)
     
  11. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Мама-мија! Точно било ова бе, ќе вчитувам секоја информација! :lol: :geek:
     
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Бик – супер цврстина

    И емоционално и физички, биковите можат да издржат тежок товар, страшни разочарувања и големи животни катастрофи. Претставниците на овој знак се буквално нераскинливи.

    многу точнооо бравоо :clap: ;)
     
    На jjoovvaannaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Сосема точно,кога сум расположена :)
     
  14. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Лав – огнена топка

    Примајќи ја неограничената моќ од Сонцето, лавот има способност да создава оган. Доколку некој му се закани нему или на неговите најблиски, тој ќе се заштити себеси создавајќи огнена топка за само неколку секунди, која ќе ја исфрли врз непријателот.

    Точно :) :)
     
  15. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ...Риби – создавач на свет од соништата

    Секоја фантазија или сон, може да постане нова реалност за рибите. Без разлика дали станува збор за одење на тропска плажа, во Античкиот Египет или во некој друг алтернативен универзум, имагинацијата која ја имаат рибите може да ги одведе буквално онаму каде што сакаат..

    ... :D ..ала вера се ми погодивте....ние рибите сонуваме и веруваме во нашите соништа и ги остваруваме... :D
     
  16. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    релативно точно :)
     
  17. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не сум толку осетлив рак :D
     
  18. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Овен – неограничена енергија

    Доколку овните би биле суперхерои би можеле да скокаат од еден до друг покрив на зграда и да летаат побрзо од испукан куршум, без да мораат да направат пауза измеѓу двете активности.

    Hell yeaah!! :rock:
     
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    :clap:
     
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Риби – создавач на свет од соништата

    Секоја фантазија или сон, може да постане нова реалност за рибите. Без разлика дали станува збор за одење на тропска плажа, во Античкиот Египет или во некој друг алтернативен универзум, имагинацијата која ја имаат рибите може да ги одведе буквално онаму каде што сакаат.

    :geek: :D :geek: