Мислам горе доле насловот е јасен. Денес има многу теории на заговор. Некои се страшни, некои се смешни, некои се глупи, некои се длабоки. Ако можете да пуштите муабет, кој со текот на времето би станал теорија на заговор, што би било тоа? Бидете креативни Еве пример од мене. Мојата теорија би била дека Масоните имаат временска машина и се враќаат назад во времето за да ја менуваат сегашноста како сакаат и да предизвикуваат несреќи (атентати) врз луѓе што не им одговараат на плановите за иднината. Друга теорија Во прва и втора светска војна победиле лошите и ја напишале историја по свој терк. Трета Во храната што ја јадеме се ставаат тешки метали и пластики кои не можат да се уништат по друг пат освен преку дигестија и желудочни киселини, па на тој начин ние служиме за рециклирање на овие материи со цел да ја зачуваме Планетата што подолго на штета на самото човештво. Кога ќе се изрециклираат сите овие нус продукти од добата на индустријализацијата животниот век ќе биде подолг, а планетата безбедна. Четврта Моментално живееме во Новото Ледено Доба. И автомобилите и целото загадување се до цел да се загрее атмосферата. Доколку престанеме да користиме нафта и други материи кои ја загадуваат и затоплуваат атмосферата, температурите ќе паднат толку ниско, што нема да постои живот.