1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква трудница сте вие?

Дискусија во 'Бременост' започната од senjorita.lombardi, 26 ноември 2012.

  1. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Додека некои жени веќе на самиот почеток ја прифаќаат бременоста како најнормална работа на светот, а некои цело време страдаат од мачнина, постои тип на трудници кои бараат екстра доза на внимание.
    Еве ги сите седум типови на трудници:

    1. НЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ ДЕКА СЕ БРЕМЕНИ

    Првиот тип на трудници е и најредок, а тоа се оние за кои не би рекле дека се бремени ако тоа веќе не го знаете. Обично се високи и со силна телесна градба, а бременоста по стомакот им се гледа дури во подоцнежните фази на бременоста, така што не мораат веднаш да купуваат облека за трудници. Освен тоа, овие трудници не се однесуваат битно поинаку отколку пред бременоста, која ја прифаќаат како најприродна работа на светот.

    2. РОДЕНИ ЗА ТОА

    Некои жени со својата расна градба на телото се како создадени да бидат убави трудници. Освен полните гради и заоблените бутови, за време на бременоста нивното тело пропорционално се пополнува. Во текот на бременоста тие се забавуваат со дневните активности и се полни со енергија, а по породувањето многу брзо се враќаат во форма.

    3. ЕКСТРЕМНИ ТРУДНИЦИ

    Обично се ниски и според нивниот стомак бременоста многу брзо се познава. Веќе во раните фази на бременоста имаат голем стомак поради кој другите мислат дека терминот им е „зад врата“. За таквиот тип на трудници, луѓето можеби ќе коментираат дека веројатно носи близнаци или таткото на детето е многу крупен, а поради големиот стомак отежнато се движи, и рацете и нозете многу и отекуваат.

    4. СО КОНСТАНТНИ МАЧНИНИ

    Некои жени се борат со трудничките мачнини за време на целата бременоста, а освен тоа ги прогонуваат и киселините во желудникот и ждригавицата. Поради мачните симптоми константно се жалат и едвај го чекаат својот термин на породувањето за најпосле да се чувствуваат „нормално“.

    5. ФИТ ТРУДНИЦИ

    Овие трудници обично се спортски типови кои и за време на бременоста минимално се здебелуваат, а покрај бременоста успеваат да вежбаат и понатаму да изгледаат „во форма“. Иако можеби немаат толку енергија како претходно, поради нивната самоконтрола и дисциплина никој од нивната околина тоа не го забележува.

    6. ЗАТЕКНАТА ТРУДНИЦА

    Таа изгледа како веста за бременоста да ја изненадила, па тешко се адаптира на својата нова „улога“. Освен што изгледа несмасно во својата стара облека која и понатаму ја носи, добиената тежина и го попречува движењето. На идејата за бременоста обично се навикнува за време на терминот за породување.

    7. ТРУДНИЦИ КОИ ГЛУМАТ ЖРТВИ

    Овие жени дефинитивно не се омилен тип на трудници, но на нив хормонските промени влијаат така што константно бараат внимание од сите што ги опкружуваат. Тврдат дека се им е тешко, а мислат дека би требало да бидат лишени од сите обврски и должности. Бременоста ја користат како изговор за постојано одмарање и за добивање на се што ќе им падне на памет.

    преземано од мака и дете.мк
     
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас се пронајдов под 2., е сега телото малку повеќе пропорционално се пополнува, тоа дека имам енергија и се забавувам со дневните активности е точно, се надевам дека и тоа дека брзо ќе се вратам во форма ќе се исполни.
    :lol:
     
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и јас се пронајдов во неколку, ама најмногу во првото :lol:
     
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас сум малку 1, малку 2 :D
    А тие тип 7 мене ме нервираат, оти знам еден типичен пример што се породи пред еден месец :D
    Цела бременост беше драмење, дека како нејзината бременост нема друга и дека на ниедна не и било толку тешко, а сега и за бебето, како нејзиното комплицирано бебе, немало друго :fubar:
     
  5. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и јас познавам една таква, оваа уште е трудна и се нејзе нешто не и е погодено, се неможи, ептен комплицирана стана, му се чудам на маж и како а трпе. :x
     
  6. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Јас се пронајдов во 2,4 и по малку во 7 :lol:
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.984
    Ооо јас сум дефинитивно под 1 :lol:
     
  8. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    :rofl: :rofl: :rofl: јас сум дефинитивно 1 ама имам мал дел од 2 (со дневните активности) :D :inlove:
     
  9. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Jas sum 1,ama ima mal del i od 7 :)
     
  10. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Јас искрено не се пронајдов во ниеден пример од наведените :) затоа што и со првата бременост и сега во првите 3 месеци имав мачнини и некако останував без енергија,е сега не барав посебно внимание не оптеретував никого ама ми беше стварно тешко,ама затоа само што влегов во 4 месец добивам енергија си работам речи си се по дома ,ми исчезнуваат мачнините во целост,а и височка сум ама мешето уште од прв месец ми се познава :P
     
  11. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    2 дефинитивно :$ од 1 овој дел, Освен тоа, овие трудници не се однесуваат битно поинаку отколку пред бременоста, која ја прифаќаат како најприродна работа на светот.
    Уживам во бременоста, имав лесна бременост до сега, без мачнини, без повраќања, на секого би посакала ваква бременост, најубавиот период во животот на една жена :inlove:
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Сега за сега е рано да се каже, нека помине уште месец два....па ќе пишам во кои се пронаоѓам. :)
     
  13. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Јас се однесувам буквално како да не сум трудна, а и така е осеќам. Активна сум исто ама исто како и претходно, 200 на саат и не застанувам :D Знам дека не е ок, ама ете..застанувам само веќе кога ќе почне нешто да ме боли, па викам ај да си прилегнам поарно ќе биде :lol: И бебчево некако е активно многу, го размрдувам здраво. Немам мачнини, немам отоци, немам зголемен апетит ниту тежина качено премногу (денеска се мерев имам 60кг, а си давам максимум да качам 65-66 до породување).
     
    На Keti30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    под 1.!
    мн. се нервирав кога ќе кажев дека сум трудна (ова некаде до 5-6 ти месец), па као изненадени демек не се приметува, е коа ке кажам кој месец сум следува уште една фаца со прашалници и неверување :@
    исто ме нервираше пошто не ми се приметува, па ќе се ѕверат мажи демек ќе флертуваат, а на мене ми се повраќа и ми иде да си напишам на чело- „трудна сум, не ме замарајте!“.
    Старите облеки до 6ти месец си ги носев, зборам за панталони, фармерки, а сега во 9ти си носам дел од старите фустанчиња летни, и цела бременост немам купено ни едно парче трудничка облека на што многу се радувам - ич не ми се трошат пари на трудничка облека, ама затоа си купив преубави фустани - среќа што ова лето и се во мода такви модели, тесни во градите па широки надоле така да и после ќе си ги изнаносам :clap: :)
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    се пронајдов во 2 и секако во 7 тоа е неизбежно.. добиваат се што ќе посакат :lol:
     
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Пρвата бρеменост 3 и 7 :)
    Втоρата 1
    Сегашната 2 :):)
     
  17. MargaritaD^2

    MargaritaD^2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    1i 2 definitivno
     
  18. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно под 2
     
  19. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Јас се пρонаоѓам под бρој 1, дуρи во 8 месец ми ρеκоа деκа сум изгледала на тρудна :) немам ниκаκви пρомени освен мешκо што ми ρасте, немам маκи, не се жалам :) не ја оптеρетувам оκолината :) и еве 33 недела ќе влезам уште си ја носам стаρата облеκа хахах ова и мене ме чуди :) се ми е исто κаκо и пρетходно
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов во 3 и 4 па дури по малку и во бр 7 за жал :( На почетокот од што имав мачнини ми требаше многу внимание, специфична исхрана...и секако дека бев лишена од сите домашни обврски но не затоа што несакав туку стварно неможев...Не ги осудувајте тие трудници што би се пронашле во бр 7 затоа што хормоните кај сите различно дејствуваат :| Јас пак посебно сега во 9ти кога влегов од топлово, плус што распукав цела (а постојано се мачкав и цел живот сум имала стегнато тело), ненаспана, со кислеини во жечудник......сум НЕ ДИРАЈ МЕ ;( Ама тоа се хормони и мора да се издржи, само го жалам мм најмногу што неможе, а сака да ми помогне :(