А која трудница би ги признала негативните карактеристики од било која од категориите погоре? Јас највероватно би се сместила под бр.1, дека сум трудна луѓето приметуваа дури во 6 месец, до тогаш само оние на кој јас им имав кажано знаеа. Сега во 8 месец личам и на ..екстремна трудница,, затоа што сите ми викаат дека сум мн поправена, а јас па не си се осеќам така. Некогаш во сенката пред мене си се гледам дека чудно се движам хаха.
Дефинитивно 4 - со постојани мачнини а тоа прави да бидам по малку и од 7 ... Добро, имајќи ги во предвид предходните две лоши искуства и проблемите со здравјето, мислам дека и не претерувам и добро се држам тоа седмицата да излезе премногу на виделина!
Првото во постарите постови можите да прочитате како се жалам и прашувам на секое кога почна да се познава стомакот кај вас па до крајот на 6месец прашував.Сега во 8ми итекако се познавам ама една другарка е поситна од мене 6ти месец е колку мене му е стомакот и една ме прашува кој месец си, 8ми велам а дргарка ти колку тебе е или повеќе, 6ти е му велам и ме гледа ама како комплимент ми се таквите коментари ако вагата кажува 20 кг плус.Облеката ја обновив т.е.делумно се откажав од старата во 7ми месец а едни пижами и облеката со поширок крој сеуште ја носам.По природа не знам да глумам сега не ми е арно не правам ништо а ниту хормоните не го променија тоа кај мене.Еве баш до пред некој ден реновиравме бев под надзор на мм да не направам глупост да кренам нешто и да сум шо понастрана од јаките средства за чистење оти фала му на Бога не видов некоја разлика меѓу бремена и небремена освен отоците кога не ме береа старите чевли и морав да барам под итно 2 броја поголеми,а откако подзаврна за секунда и нив ги снема.
Мене и ме нема во категоријава освен деловите со бр 4,5 и 6. Јас сум во катерогира лигушки и паничарки, кои не се здебелуваат, кои имаат мачнини, кои ја ностат старата облеека ( пошто нова трудничка би било промашена инвестиција) и кои се лигават и паничат ако на ехо бебето не се помрдне или ако има некој појак грч. Ете конечно да си признаам.
Број 1. Висока сум и со првата бременост до 7 месец некаде, луѓето не ми веруваа дека сум бремена иако се на се се поправив 18кг. До крај на бременоста си влегував во истата облека, истите фармерки (ги закопчував со парче ластик кое сама со го направив), врзував патики до крај без многу мака, шетав многу и не бев од оние трудници на кои им се пријадуваше нешто посебно во посебен момент. Имав лесна бременост и лесно и брзо породување. Сега со вторава бременост можеби е рано да кажам, ама со оглед дека имам веќе едно дете, не можам многу луксузи да си дозволам како трудница. Мајчинството во прв план, бременоста во втор Рзликата сега е во тоа што со првата бременост речиси и не јадев првите три месеци и се поправив малку повеќе, а со вторава јадам како ненаситна и се сушам ...За понатаму ќе видиме.