Во градинките работат негователки и воспитувачки. Воспитувачките се со педагошки факултет за таа предучилишна категорија на деца. Воспитувачките имаат план за настава, секоја ден водат дневник како наставничките во школо, значи градинката има и образовен карактер. Конкретно мајка ми работи со деца, буквално секоја ден се подготвува за наредниот ден да има децата што да работат. Дали е тоа есен, дожд, преку песнички, цртање, игра, сликовници се обработува одредена проблематика соодветна за возраста на детето. Мене ми изгледа како доста интересно и забавно за децата.
И мене ова книгички и глупости ми боде очи. Син ми има 2 ипол години и дома 10тина сликовници и еден дел од денот седнува, бара да му ги раскажувам и сите ги знае, се надоврзува кога му зборам. Пред спиење пак бара да му раскажувам/читам ги бара книгите. Незнам дали погрешно се изрази, ама ите како книгите имаат големо влијание над децата, а и пожелно е да им се чита уште од мала возраст. Ем влијае на говор и речник, ем мозочето им вежба да памти. Едит: Пред некој ден во градинка им ја раскажувале Волкот и 3те прасиња и моето беше пресреќно што ја знаело и се надоврзувал на учителката и 5ка на рачето добил, не ме остави да го измијам. мислам дека сепак е и образовна институција, зошто за пола година детето ми научи доста работи.
Океј. Пишуваме мислења за тоа каква улога би требало да има градинката. Не мислам дека треба да има учебници на три години, активности да, читање приказни да, боење да, учење песнички да, куп физички активности, прошетки, игри, обраќање внимание на социјализација и решавање на конфликти, учење и осознавање на околина, истражување... Според мене тоа би требало да опфаќа за помали. Една година пред школо веќе може да се обрне повеќе внимание на подготовка за училиште, порано нема потреба, како што кажав, физички рацете не им се до таму спремни. Значи, улогата на градинката треба да се менува со возраста на децата. Повеќе од ова мислам не би можела да образложам. Ако не, agree to disagree и тоа е тоа.
Не сум родител али по мене градинките треба да бидат од воспитно-забавен карактер. Ем да учат нешто дечињата во текот на престојот таму, ем да им е и интересно и со љубов да одат во градинка и да нема плачење вриштење.Само треба креативност спремност на учителите во градинките, и да се направат некои реформи во врска со градинките и тјт И во основно и средно е така, на тие години сме најсензитивни, лабави сме не учиме најсесе буквално и треба да знааат постарите како да нѝ пристапат на нас и како ќе нѝ ги презентираат работите, не секој има иста перцепција.