Ми се допаѓа формата и дебелината, скоро еднаква големина ми се и не ми е многу дебела (полна) ниту пак ми е тенка.
мене горната ми е поголема од долната ама многу ми е полна и во зима многу ми пука ама сепак си ја сакам многу ми е убава кога не ми е испукана така ми викаат
Имам полна уста и таа претставува мојот најомилен дел од лицето.Горната усна ми е малку помала од долната. Многу ретко пука и често добивам комплименти за неа. Најчесто ставам лабело, за посвечени прилики може и кармин(обожавам црвен ), а сјаеви не употребувам бидејќи ми лепат некако и ми се гадни.
Имам прилично дебелка уста,но не многу. Да не објаснувам многу,не ни знам да ви ја опишам убаво еве ви слики
Имам полна уста. И горната и долната усна ми се тука-некаде , речиси еднакви. Имам и бемка над неа. Порано ич не си ми се допаѓаше , дури и планирав да ја горам. Сега сум заљубена во неа.
Мојата уста е просто кажано интересна..горниот дел е многу тенок, а долниот полн...Склона е кон херпеси и често ми распукува..(најмногу во зима). Без сјај ми стои поубаво, а и многу се лупи...Користам лабела за распукување...
Имам интересничка уста (барем ја така мислам) горната е потенка а долната е подебелка и користам лабела против распукување на уста пошто си иам проблемчиња мали па се трудам да не станат многу големи проблеми