Еве ја мојата уста.. Понекогаш страшно ме нервира тоа што ми пука ама затоа си користам лабело и Павловиќева. Не е којзнае што ама си ја сакам (дека е моја не за друго ) Немам имано херпеси ама како помала имав проблеми на зима-ептен ми се појавуваа црвенила околу усните и изгледав како претепан боксер
Јас имам средна уста и често ми пука, порано и по ивиците црнки ми искачаа. Сега едвај некако ја средив, прочитав на некоја страна за чистење на устата. Со чепкалка за уши, потопена во вода значи мокра, и со неа ја поминувате устата по средината и краевите, како кога се става лабело . Јас ова го правам секоја втора вечер, и исто такеа за испукана уста има на сајтов пилинг за уста, со шеќер и вазелин и тоа често го правам. За херпеси лабелото од ЛипБалм од мед и млеко, кога ќе ми искочи херпес по цел ден се мачкам и за кратко време ке ми се повлече..
Па средничка.Горната усна ми е потенка а долната подебелка.Иначе многу често ми пука и ми течи крв, па затоа имам дојдено во многу незгодни ситуации со наставниции/професори И да имам убава боја на усните
Средна ми е, ни дебела ни тенка. Не пука многу сепак често си ставам вазелин. Херпес фала богу досега никогаш не сум имала ( пу пу да не се подречам)
Имам средни усни накај подебели...Долната ми е подебела а горната нормална..Меки ми се и баш си ги сакам (може дека си се мои)...
Имам полна уста и голема..незнам најчесто не сум имала проблеми со неа али коа е суво времето и ладно знае да ми испука,иначе херпеси не до сеа уопште сум немала..
Долната уста ми е подебела за разлика од горната.Оваа зима ме изнамачи многу патам во зима од херпеси и тоа по 2 недели неможам да се спасам од нив пробував се и на крај баба ми ми кажа да ставам кора од лимон навлажната со лимонов сок на неа да ставам малку сол,ужасно ме болеше но ми помина.Уф ега ми е бил последен ужасно ме нервира ...
Онака нормална ни многу голема ни многу мала,горната ми е поголема од долната усна и немам некои проблеми,освен во зима кога ми напукува од ладното
Полни усни имам, горната ми е за нијанса помала од долната. Во секој случај задоволна сум Има некој ваков проблем или само кај мене се појавуваат на завршетоците од усните како црнки па морам да ги стиснам за да ми излезат. Ќе ги снема едно време, па пак ќе ми се појават..
имам полна устаа и горната и долната ми се исти и си ја сакам,абе ала анџелина џоли ај аако се одлучам да ставам слика ќе видите
Па вака устата не ми е којзнае колку полна,не ми е ни како линија една туку средна накај полна.Немам никакви проблеми.Секојдневно користам балзам за усни од oriflame.