При крајот на последниот циклус ги купив овие, едноставно не можев да им „одолеам“ на пофалбите овде во темава и навистина се уверив дека муабетите и фалбите не биле на празно. Ете ви уште еден верен купувач, ме освоија дефинитивно! Минимум десет пати се подобри од Yup, јас обично ги користев жолтите зашто имам преобилни циклуси, а овие се малкуцка поголеми од нив, но мене тоа не ми смета - сакам убаво да бидам опфатена од сите страни. Не ги ни чувствував, пренежни се и површинскиот слој им е подобар од оној кај Yup-от - не е таков шушкав и нема шанси да се расипе влошката при спиење. И имаат одлична впивачка моќ, а не очекував. Од мене. :up:
Јас користам yup,(а кога спијам always оти ме мрзе да ставм навечер) а сега земав да ги пробам libresse ама сакав да прашам дали некој знае дали можам некаде да најдам everbel, оти порано ги користев и многу ми беа убави ама сега не можам да ги најдам.
Every-day, имаат многу пријатен мирис. Најмногу поради пријатниот мирис.Скапички се за разлика од другите влошки, ама си вредат за парите.
Every Day ги користам од пред некое време. Уште од почетокот ги користев само Always, ама сега ги сменив со овие и дефинитивно ми се поубави.