Секој месец купувам различни влошки, бидејќи не сум тип што кога едно нешто ќе му се погоди останва само на то. Па така, последно ги пробав новите Либресе влошки и ептен ми се погодија
Користам Хелен Харпер. Ме потсетуваат на Олвејс иако чинат 50 денари. Користев едно време Олвејс ама веќе не ми се даваат толку пари за влошки па ги пробав овие. Имам користено и Јуп ама не ми се допаѓа текстурата. Не е вакво баш пакувањето ама тоа е логото.
Од everyday и always, поточно од крилцата, ми се иритира кожата и цела се исфрлам на препоните, има ли кај нас улошки без крилца? Или предложете ми некои улошки што нема да се толку"груби"
На Libresse воопшто не се груби, пробај ги нив, инаку има кај нас улошки без крилца во сите маркети. Само обрни внимание на сликичката и ќе видиш. Пишува.
Feel Fine ми се најпогодени, ем економични ем убава структура и не протекуваат.Yup ставам ако се најдат по дома а немам други влошки, ама не ми се по ќејф иритираат многу.
А да ве прашам, предлог за улошки што горниот слој им е памучен? Every day ми е најблиску до тоа но дали има некои уште поприродни? Always ми се ужасни во тој поглед,ми се лепат и иритации ми прават
Има такви со памучен горен слој од Виолета, баш приметив последен пат кога купував влошки, одвај ги познав, имаат нов дизајн. Мене Every Day ми се многу дебели и речиси сите видови им се парфимирани и редоно ми предизвикуваат кандида. А баш штета, толку ми одговараа во однос на непропустливоста.