@Biodevojka а од каде би можеле да ги купиме Natracare и по која цена? И дали се миризливи? (Прашувам бидејќи барам најобични, без мириси, бои..)
Не не, немаат никакви мириси и бои. Комплетно се природни. Јас ги земам најчесто во Сити Мол на штандот на Биоорганика затоа што често ги ставаат на попуст. Ги имам видено и во ДМ ама не биле на попуст. Поздрав.
Во последно време, какви стигнам. Моментално имам Libresse (во розево пакување) и Feel Fine (во жолто пакување). Овие вторите прв пат ги користам, ама не ги бива. Не впиваат доволно.
Feel fine порано беа навистина добри влошки. Сега се толку неквалитетни, што не ги ни погледнувам низ маркетите. Откако пред неколку години ми направија белја со пропуштање, со задоволство ги одминувам. Тоа што не лепат воопшто е друг муабет. Најзадоволна сум од Либресе темно-зелените, оние со шарени обвивки и срциња. Премеки и одлично впиваат, супер ми се. Исто изненадена сум од Натурела. Претенки се, а сепак и тие не се случило да ми пропуштат и одлично впиваат. Плус имаат одлична цена. Не ми се допаѓа тоа што се миризливи (не сакам такви влошки), но немаат нападен мирис, нежни се. Далеку се од Евридеј кои покрај нападниот мирис се и предебели и неудобни. Ми се допаѓаат и памучните Виолета, но за нив имам чувство дека не се лепат убаво и несигурни ми се понекогаш.
Најзадоволна сум од Натурела, Олвејс, Еври деј и Виолета класик. Либресе се солидни, ама не толку добри како другиве. Натурела се најисплатливи, ама ретко ги наоѓам во маркетите што ми се во близина. Единствени памучни влошки што ми одговараат. Долг период ги користев Бони јап, ама почна од нив да ме чеша интимата.
Доолго време користам Либресе. Сега се на промоција во Веро на 50 денари. Најудобни ми се, по 14 во пакување, не ми пропуштиле никогаш, и што е најбитно секогаш суво се чувствувам во нив. Ич не ги сакам оние што се обложени како со најлонски/пластичен слој. Ако не наоѓам Либресе, втора опција ми се Еври Деј. Исто многу задоволна од нив.
Некој што користи Jessa влошки за циклус од Дм да сподели дали се памучни, со /без гел ,миризливи или не? Или да сподели искуство воопшто за било какви памучни без гелови и чуда освен оние во Био култ?
Само да направам апдејт на постов. Ги купив влошките на Jessa ноќните и се разочарав ептен. Крилцата не лепат, се парталат целосно во рок од пола саат и горниот слој им е синтетички. Позитивно нешто е што само гел немаат. Нешто слично на Feel fine само подолги?
Јас мм го пратив со слика да ми ги земе а тој да не го малтретирам ми земал од големото пакување Јас не ги ни дотрошив отиода во канта.