Always, Everyday, Yup.. катастрофа ми се, било кои од нив, предебели, преголеми, гребат од сите страни, крилцата малце да се изместат и одма почнуваат да гребат, ми имаат оставено и гребаници, сум се запурувала од дебелината. И не се памучни воопшто, одвратни ми се сите три. Пред да останам бремена, со години ги користев Libresse или FeelFine, памучни и преубави, не ме гребат вопшто, и да се подместат малце, пак не ме гребеле и не ми протекувало.
Ги пробав влошките на Organyc, и морам да признаам дека се супер. Меки, впивливи, одлични. Ама, скапи се некако... не се исплати навистина, за десет влошки 350 денари баш и не е евтина варијанта. Убаво би било да бидат подостапни за сите, со пониска цена и поголеми пакувања.
Исто на Sleepy се органски и се убави. 20 парчиња за околу 150 ден. во Зегин ги купувам. Libresse ги заменив со овие, поубави ми се, а и цената е прифатлива
Everyday ама почесто оние обичнине Бони од памтивек што се произведуваат. Другиве yup и сл ми сметаат, како пластични се
Само libresse дефинитивно. Меки, памучни, нежни, не се осеќаш ко пелена да носиш.. Еднаш пробав сменив некои со мрежичка одозгора, 3 дена иритација имав мислам дека.. Катастрофа
Дали некој ги знае платнените влошки со нитни? За повекекратна употреба се, се перат се сушат пак се ставаат. Ги нема по маркетите онлајн само. Дали ги користите? *секојдневни влошки