Јас имав таков проблем со Бони јап. Ги користев долги години. Отприлика 6-7. Ама ми стана неудобно. Ме чешаше интимата. Некогаш и не се издржуваше. А беа едни од најевтините. И Виолета ми беа ок, ама само тие мрежестите. Памучни влошки не можам да користам. Не ми впиваат доволно.
Јас се префрлив од Олвејс на Лебрис.. Можам да кажам дека цела иритација која ја имав за време и неколку дена после менструација ја снема.. Олвејс се најголемо ѓубре, сите се жалат од нив, премногу парфем имаат.. Доколку не најдам Лебрис земам Виолета, и тие се супер и без парфем..
Најдобри до сега што сум користела. Предолги се, од крај до крај, со два пара крилца. Нема иритации, а и цената им е смешна, 45 денари.
Истото мислење го делам за Always и Everyday, само цени напумпани, за обична пластика! Либресе се памук, и стварно се мн убави, следен пат ако нема Либресе, пробај ги Carefree, и тие се одлични.
Откако излегоа само Слипи ги користам. Не бев приметила дека и миризливи имало, некни по грешка сум зела, јас миризливи никако не користам поради инфекции имам страв инаку ок беа и тие.
Секакви купувам. Сите што се со крилца ми ваљаат. Имаат разлика у квалитет скапите и поевтините, али до сега сите ми биле океј.