Јас ги користам Jessa зелените од Dm. Единствена маана е што нема подолги, ама почесто мењавање и решен проблем. Без парфеми се и био памук, мене ми се преубави. И секојдневните ги користам.
Молпед ми беа одлични, ама одамна не сум ги видела. Сега во циклус Every day XL или Jessa Skin Comfort ако имам потреба од "дневна" влошка.
Женски, ги има ли некој пробано едни нови влошки КАЛИНКА? Јас упорно барам памучни ама никои не ми се погодуваат и сега налетав на инстаграм, овие се со органски памук..без хемикалии..пластика, гелови. Ако има некој нека сподели искуство..вака ептен убаво ми личат Фала
Имаат инстаграм и страна. kalinka.mk види на инстаграм. Мислам дека се само со достава сега за сега ама јас мислам да нарачам. Пиши искуство ако ги пробаш пред мене, Јас треба за 15 дена да добијам, ептен сум хајпната да си најдам добри
E ова не сум го знаела, јас пак ги мислев како најдобри на пазаров од она што го имам овде најдено. Штета. А чиво производство се Калинка?
Јас сум скептична кон вакви брендови кои произведуваат производи за лична хигиена (од "нетоксични" прашаци, сапуни, еве и влошки сега) а не знаеш од кај доаѓаат, кај се произведуваат, дали се дерматолошки тестирани итн итн. Навеле поседување на сертификати, се надевам дека податоците се точни. Ако пробаш и ти баш кажи искуство.
Би требало да им се точни, може да си направат проблем при увоз..дека работам во шпедиција,без сертификат за безбедност на производот нема да може да му пројде или ако навеле сертификати треба да се приложени исто, али како и да е ќе споделам да видам како ќе ми легнат плус, јас полудев од менување. Сакам да се задржам за едни да не се замарам секој месец.
Дали си ги пробала на Слипи? Јас со години ги користам органски памук, мене ми одговараат и за циклус и секојдневните.