Мајка ми ми замала фил фајн.Нормал,убави се?Немам сеуште пробано,ама какви се ме интересира,памучни,синтетички?
па прочитај на опаковката.искрено не сум ги користела многу,еднаш ги пробав но не се лепеа убаво на гаќите и не ги купив повторно
Од тие со крилца користам Feel Fine дека се памучни, а јас како сум магнет за инфекции Always и останатите гумени сра*а више не фала! Многу често знам да ги користам и оние за трудници со мрежа, тоа кога сум почувствителна доле и од пусти страв да не ми се деси нешто
Од сите други влошки што ги имам користено, задоволна сум од Always и Every Day. Другите не ми се погодија. Одлучив да ги користам Boni Yup бидејќи се ефтини, а добри. Always и Every Day многу ги поскапија.
Always се прекрасни, но се многу скапи. Ги користам само некогаш ако имам во некои посебни моменти на кои сакам да се чуствувам удобно. На свадба, родендени итн. Инаку користам Yup.
Еври Деј, исклучиво ако имаат поклонче со нив Не озбилно земав едни и имаа залепено карминче на нив, а карминчето како ми се погоди бомбона. Да го бирав немаше да искочи толку убаво Олвејс Платинум ги користам и Дискрит и Јасмин од секојдневните.
Имам проблем кога се работи за влошките, не можам често да менувам затоа што одма ми се јавува иритација и чешање... порано ги користев Виолета, за впивање се супер ама по некое време ми се појави иритација.. и земав после да ги пробам Every day и баш ми се погодија, ем миризливи ем нежен материјал.. пак имав проблеми додека ги свикнам ама сега супер ми се. Секодневни користам Discreet од тие како тантела... супер се само се многу меки и се гужват, инаку и Always ги имам користено ама пак скапи ми се оти како што менувам јас на секое.. две пакетчиња не ми стигаат и не ми се исплаќа
Евридеј и многу сум задоволна од нив. Имам пробано и други, ама не ми одговараат. Последни ги земав олвејс оти немаше други и не ми се допаднаа ич. Катастрофа. Инаку секојдевни ги употребувам дискрет, најубави ми се.
Еве овие,ги купи мајка ми од зегин,и требаа итно,па сега ставив за првпат денеска и не ми се допаднаа нешто нај-нај.Не се воопшто силни лепенките(крилцата) и ми се гужваат.Повеќе не ставам јас,нека си ги користи мама,кога невнимава што купува,ќе си ги користи какви-такви.