Бевте во право, @DAngel @Rebecca_R Можaт многу спонтани ff дејтови да произлезат благодарение на темава.
Силните жени, кои и да не ги познаваш лично зрачат околу себе. Харизма се викало тоа. Тоа за оние на кои им се дивам на разминување. Оние кои ги познавам...тоа се жени од кои можеш многу да научиш : и за фамилија, и за живот и за домаќиснтво и за шминка....
Да бев машко мислам дека вакви би ми се допаѓале: Или барем само сега ми е girl crush Како и да е, женски со див став, харизма и интелегенција.
Пишувам од гледна точка на жена што ја привлекуваат жени. Сум била привлечена од различни типови на жени. Зборувам за физичкиот изглед. Искрено, не ми прави разлика дали е бринета, црнка, русокоса. Тоа ми е најмалку важно. Само што никогаш не ми се допаднала висока жена, сите биле со просечна висина, дури и ниски. Не сакам крупни жени. Важно ми е жената да е природна, не сакам и не забележувам премногу шминка, сакам кога се покажува баш онаква каква што е. Не доаѓаат во предвид извештачени кукли. Веднаш ми се сосдава одбивност. Можеби се работи за стереотип, но премногу го ценам природниот изглед. Негувана, но природна. Дотерана, но со мерка. Во врска со карактерот, ми се допаѓаат жени со богат речник, што знаат да ти го свртат умот со неколку збора, не премногу зборлести, но да знаат да те "погодат" со она што ќе го кажат. Информирани, начитани, умни. Малку итри. Ми се допаѓаат жени што се навидум ладнокрвни и затворени во себе, тоа ме поттикнува да истражувам повеќе. Од искуство, баш таквите во себе кријат најголема "магија". Сакам да им посветувам внимание и јас да бидам "ловецот".
Да де, таман ке си се најдат оние со ист вкус. Нешто у фазон "Ејј ја сум баш таква типка ко што бараш ти, сакаш да се упознаеме". Или "Маче сакаш да се споиме, ке најдеме типка што ти се свиѓа тебе" Заборавив да допишам, битен детал е типката да е природна, не сакам силикони, филери, екстензии, ниту било какви "поправки" на лепотата.
Вака од прилика. На лик и зборење тооолку мила, невина слатка фацичка. Детинеста, позитивна, интелегентна, успешна жена, грижлива мајка, се топам и јас кога ја слушам како збори. Секогаш во најприроден светло. Наеднаш се претвара во ова; Дива но сепак и останува милото фациче. Ја следам оддамна, што е најбитно женава не се смени. За мене вака изгледа совршена жена и што е најбитно НЕМА ГРАДИ! Има толку многу други квалитети, што се занемаруваат градите и усните.
Јас amused сум од девојките со големи облини и задници, не обрнувам внимание на цицки хаха, исто и за нозете во последно обрнувам внимание која облека како ги покажува нозете на другите девојки и на мене секако.
Не многу високи од 165 до 170 одприлика,долга црна или смеѓа коса,светли очи,убава насмевка.Гради не е битно,има многу привлечни и симпатични жени со мали гради,струк,облини малку,широки рамења, и најважното прави добро обликувани нозе и обликуван задник
пред се паметна и интелегентна девојка образована културна со манири добро воспитана да знае да го цени она што го има, и да не бара од пиле млеко да зане да ги цени лугето по она што се а не она што имаат да не биде идиота и инаетлива да биде педантна, чиста ... да биде насмејана и да не биде намќор и намуртена позитивна секогаш самостојна жена, да не чека мажот да и даде се, само да се бори да има мила фаца, и да биде симпатична