Спонтани, природни, а под природно не подразбирам буквално да не носи шминика и да не се средува, туку онака природна во понашање. Минимална шминка или ако носи јака шминка да е нанесена со внимание и усул. И да е различна од другите, некако во последно време сите жени се како по шаблон со начин на шминкање и следење мода, па кога некоја се истакнува со посебен стил привлекува внимание. Да е свесна дека е привлечна ама да не го злоупотребува тоа, да знае да изгледа исто убаво и во малку провокативно издание и во секојдневно. Жена со самодоверба и страст за нешто во животот. Физички не мора да е совршена, некоја маана што ја прави посебна е добредојдена, да знае да води разговор за било каква тема без да и е незгодно. По искуство сум се загледувала најчесто во црни жени, ама доколку има убави црти на лицето јас ја сметам за привлечна, градба на тело не ми игра голема улога, ама убав грб и мали гради ми се привлечни. И по ова како го напишав, заклучувам дека уствари јас можам да се заљубам и во жена, среќа се омажив на време
А случајно ако некоја белка има задник- white girl with black girl ass. Или така нешто. Нека ме поправи некој ако уткам..
Карактерно би биле нешто помеѓу Саманта и Миранда од Сексот и градот, да знаат да се ценат и пробиваат во машкиот свет, да не се заплашени од други жени и да не зависат од маж, и самодоверба да не изостанува со решителен став да газат се пред себе.Уопште нејќам нежни, ќутливи и срамежливи жени па затоа ни јас не сум таква Физички нешто како Кет Денингс, ем облини ем потстегнато, а на фаца најбитно се убави заби и прав нос, под услов да нема црти со кои изгледа злобномада што побитна е харизмата отколку физички изглед на човекот.
Пааа...нешто измеѓу 20 и 50 години е ок, може ниска, средна...а и висока, смеѓа, плава или црна а може и џинџер, од расиве стриктно бела, црна, жолта или мелез, образование и ментално здравје небитно, две цицки да има е пожелно, две нозе и раце и така... И да има пулс секако, преку тоа не поминувам
Комуникативна, културна со манири, Воспитана, Да знае да цени, Насмеана и позитивна Да не е срамежлива,,Преферирам полнички со наочари, а за боја но коса не е ни битно,,Да не претерувам со описите..Си велам реткост е и да се најди некоја што ги има барем неколку од особините кои ги напишав..Позз
Зашо бе? Не си доволно женствена? Ај ај, не си ти до толку камен и мраз како што се праиш тука... тоа е твоето виртуелно алтер его, а во живо си
Мене милфици ме привлекувааттака дотерани скоцкани држечи, со карактер,позитивни,насмеани абе порно. Пример Како Лила И милион на сметка ме лепи, не да ме привлекува(се шалам)
@EvAngelos @LiliBoz Некако сте ми ептен десничарски настроени со коментариве. Ве поздрави Џими. Се шегувам.
Природни како Маја Сашек , без патки усти и напумпани со силикони Слободни во изразувањето Жени кои не трошат време да се кинџурат и да ги контурираат вегите со Фрида Кало веѓи Жени кои избегаваат турбо фолк и не се дерат со сета снага на фолк пејачи Префинети, едноставни и минималистички жени
Пред се педантна , уредна , културна со современи сваќања , висока со добро спортско тело со природна не бојадисана коса и со уникатен необичен секојдневен накит , вака нешто
Првично што забележувам кај жената е харизмата.Таа е сплет од сите надворешни карактеристики. Може да ги засени и најголемите недостатоци во еден здив. Се восхитувам на жени кои умеат да премолчат кога треба и да бидат бунтувни кога е неопходно, да бидат своето јас без компарации и да се стремат кон целта. За мене нема поубава жена од силна и самоуверена личност. Кога жената знае што сака таа може се.