Самоуверени жени со добро изграден карактер, со емпатија, оние кои не се срамат јасно да го изразат своето мислење
Слабички. Манекенска фигура или песочен часовник, исто му доаѓа, битно тенки. Посебно убави во ликот, обично посветли, но не е толку битен тенот колку цртите на лицето. Млади и младолики. Мирни, ама не и смотани. Кул, но ненападни, нејќам алапачи и кавгаџики. Едно е да држиш до себе, тоа е пожелно, друго е да провоцираш и ко пес да 'ржиш по луѓе, сосема неумесно. Ни мажи нејќам пренападни, нит крупни, а мажи нејќам ни многу високи. Фит у фина гардероба. Е да, заборавив околу боја на коса, претпочитам природни нијанси.
Било какви, немам критериум. Жените се секако пропорционални и убави, мажите не се. Тие се природно ружнички. Венера и природата не биле многу наклонети кон нивната лепота. Дури ни полнети силиконски усни или филери не им помагаат. Да менувам ли ориентација годинава? #прашањекоемемачи
Паметни и мудри; Женствени - да има став за девојка/жена и физички и психички пошто има девојки кои се слични а можи и исти како машките