Според научниците најдобро е да се користат респираторни маски FFP2,FFP3, N95 и KN95 кои заштитуваат од Вируси(Корона) загадување на воздухот PM 2,5. Какви заштитни маски користите вие и мислите дека се најдобри?
Летото носев обични памучни што ги перев. Сега носам платнени ама трослојни, наводно со сертификати дека штитат од вируси. Како растат бројките, планирам да се префрлам на KN95. Сега имам само една таква, ја носев два пати кога одев на поризични места. Ме нервира што не се пере, туку само се дезинфира со средства. Ама ако таа штити најдобро, нема муабет, таква ќе се носи. За FFP2 и FFP3 не сум слушнала. Ги има кај нас?
Исто и јас летото носев платнена бидејќи лесно се одржува можеш да ја переш, сега со оглед на ситуацијата и дека сум во контакт постојано со луѓе KN95 и обична хирушка ако испаднам низ град па морам да влезам во продавница или случајно ако сретнам некој познаник па морам да застанам.
N95/KN95 само за во јавен превоз, затоа што нема доволно дистанца секогаш. Инаку на работа или по маркети платнени/памучни што се перат. Не штитат толку, затоа тие само кога знам дека можам да бидам на дистанца.
На почетокот платнени, скапи беа хируршките, сега користам хируршки, кога одам во аптека или маркет ставам две хируршки и одозгора платнена.
Користам н95 ја дезинфицирам со спреј, таква користам кога одам на работа, кога сум во контакт со луѓе иако сум на дистанца. А користам и платнени кога не се мешам со луѓе нив ги перам.
FFP3 штити најдобро, не само од вируси туку и од ПМ честички. Има кај нас, ама поскапи се, тие се оние маски што ги продаваа минатите години за заштита од загадувањето. Реално, и обична хируршка маска те штити ако држиш дистанца и се дезинфицираш. А ако нема дистанца, ниту дезинфекција, тогаш не е битно која маска ја носиш. Затоа е битно сите да носат маски, дури и потенцијално позитивни асимптоматски. Трансмисијата ќе биде многу помала отколку што е сега. Ама...
Јас купувам цела кутија за 400, 50 маски, во аптеките се по 11, 13 една сега, некогаш има и во Кипер 10 за 59.
KN95 или хируршки. Платнени многу ретко, обично летото на места кога знам дека можам да одржувам дистанца и ќе бидам на отворен простор.
KN95 кога знам дека нема да можам да одржам дистанца и + сум со нови луѓе или во гужва. Памучна во сите останати околности. Гледам да не е тенка и убаво да ми е покриено лицето и не ја допирам со раце освен при вадење.
Памучна и хируршки, но како се зголеми бројов преминувам само на хируршки. А некој да знае, тука кај нас има ли воопшто некаде да се продаваат од оние бакарните маски? Во Хрватска слушав како им стигнала пратката така одма се продале ко алва. А цената некаде околу 5е им била за една маска.
Со ffp2 потешко се диши, со ffp3 верувам тешко ќе е за подолг период носење и за движење. Ги имаше по фирмиве за индустриска заштита, Дворник знам држеа, ама последен пат пред неколку месеци ги прашав и тогаш немаа. Можеби сега зголемиле залиха, надежно. Ffp2 лани мислам беа околу 120-150ден.