Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви луѓе најмногу ве нервираат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sunshine555, 1 април 2011.

  1. bojana26

    bojana26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Луѓе кои се Саркастични,дволични,лицемерни(едоставно не ги поднесувам)
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Мили и слатки луѓе што цело време ќе ти прават циу циу, мјау мјау , а тие лом прават и на сите го вперуваат прстот.
    Ме нервираат глупи луѓе. Оние кои живеат од ден за ден, без било каква цел во животот и оние кои не сакаат да се усовршуват, а стоат само во мртва точка.
    И флегматични и пасивни луѓе ме нервираат!
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    -Шмизли што се занесуваат ко божем којзнае што се.
    -Луѓе кои појма немаат од живот и од основни поими, на кои што треба да им нацрташ за да сватат.
    -Дволични, себични и лицемерни.
    -Оние кои се со тебе од корист.
    -Гзолижачи.
     
  4. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    -Шмизли/пуфли
    -Дволични,лицемерни,себични
    -Лижалчина
    -Деца на мама и тато(мислам на разгалени деца)
    -Лижалчина
    -песимисти
     
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Луѓе без карактер.Оние кој се преправаат дека се нешто што не се и буквално целиот живот им е глума.Имам жив пример за таква личност која ми е многу блиска но во последно време не можам и не можам да и го разберам однесувањето.Значи кога си правиме муабет само ние се е океј,си се однесува нормално но пред други е сосема друга личност.Глуми некое лудило па треска глупости и си викам ова ли е таа личност што ја знам уште од малечка :o .
    Исто ме нервират и луѓе кој мислат дека се најдобри,најубави и се во суперлатив па секогаш си мислат дека се центар на светот.Си даваат себеси за право да понижуваат други пред да се погледнат себеси.
     
  6. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Најмногу ме нервираат луѓе со его до гуша. :punch:
     
  7. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    лицемерни, дволични, арогантни, прчки
     
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Егоистични морони и моронки кои се замислуваат најубави, најпаметни, најбогати, најсакани и се` нај, а всушност се најдебилни.
    Дволични, себични, искористувачи, бесчувствителни, неемоционални „кул“ персони, мамини и татини пуфли и синчиња, газолижачи неспособни да си го покажат вистинското лице кое секој од страна им го забележува, песимисти, конзервативци, затупавени и закоравени мозоци кои цврсто се убедени дека се во право, прости сељо фаци кои одговараат на горенаведените карактеристики, ороспии и педери што се мешаат во се` и најголем трофеј им е да растурат врска, бубалици, а исто ги мразам и оние што воопшто не се интересираат да прошират ниедно знаење и најголем подвиг им е фамозно прочитаната „Зоки Поки“ и го изјавуваат тоа со гордост. Абе ги мразам! |(
    :D
     
  9. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    1. Душкала. Све да се знаело бе! И да не се работи за мене ме нервира кога пробуваат да дознаат нешто кое никако не влијае на нив. Летово бев на одмор со не толку блиска другарка, после одморот раскинав со дечко ми и ете ја женската реши да ми пише "брзо раскажи ми, како тоа јас ништо не знам" А зашто би ти кажала кога веќе си истражила ти и знаеш. |(
    2. Луѓе кои велат дека сакаат искреност а едноставно не се доволно цврсти да ја поднесат. Тоа е тоа вистината боли. |(
    3. Гребатори. Не барам и не ми барајте! Тука спаѓаат и оние кои ти доаѓаат дома, ги пробуваат сите шминки ама враќање на предметите на место е непостоечка активност за нив. :@
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    само ке те цитирам калиопе, се согласувам од збор до збор, а најлошото е што не можеш да им докажеш дека не е така како што мислат
     
  11. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Лицемери, трачари, кодоши, клеветници, полтрончиња, без'рбетници, дрвени филозофи многу што се прават паметни а три чисти немаат, луѓе кои стално изиграваат вечити жртви и за се си ја бркаат мувата од капата и луѓе со двојни стандарди
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Лицемерни,Дволични ,искористувачи најмогу мразам! :envy: :envy: :envy: :envy: :envy:
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  13. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Дволични, искористувачи, сељаци во вистинска смисла на зборот (не е сељак оној кој што е од село туку оној кој нема никакво понашање) :)
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Лицемерни, полтрони, стиснати без причина, препотентни без никаква основа, ФАЛБАЏИИ:@-нешто најомразено од се! па и од полтрони! ги мразам до толку што бегам од тие луѓе со цел да не избувне конфликт-СЕРОЗEН
     
  15. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Абе сите многу чесни,не сакате лицемери,како толку сите се погодивте нелицемерни... |(



    Е мене ми е преку такво од ова лицемерие. Јас не сум лицемерна. Што има да кажуваш,времето и јас ќе утврдиме дали си или не!
    Ме нервираат такви од кои најинтелигентниот муабет што ќе го добијам е каков телефон да си земам,ја гледаше ли утакмицата,чекај да одам да уплатам,чекај кафе да одам да пијам у чаршија. Ме нервираат. Да.
    Ме нервираат луѓе без цел у животот. Така што тропаат,чекаат на среќата и од горе да им падне нешто.
    Ме нервираат чекачите. И такви што секогаш за се во животот го чекаат последниот рок.
    Самобендисани,себични - е тие ми се priceless. Не ги можам овие и секако кај и да е,ќе почнам да штедам за пиштол за истите.
    Неблагодарни исто. Ау,се ежам од истиве. Користољубиви такоѓе. |(
    Досадни,кои застанале таму и таму и не сакаат да мрднат. Луѓе без open mind. :* за нив,до кај ќе стигнете,ќе ве видиме.

    Да,е вакви луѓе ме нервираат.
    Мислам дека сите ги спомнав. Не сум мизантроп,само не ги сакам сите. :)
     
  16. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    " Е види сега ваму јас да ви кажам " |( Е баш вакви ме нервираат , божем останатите нешто без врска си зборуваат , туку ќе се појави некој и ќе контрира , не дека тоа што го кажува има логика или и самиот разбира што зборува , туку онака само да се контра и да се инаети , и тоа никогаш со свои сопствени аргументи , туку на база на исмејување на она што другиот го кажал , иако нема никаква причина за потсмев и за негирање на фактите . Секогаш има некој кој залудно се обидува да се направи паметен , само џабе , не му стои таа улога :)


    Втори на листава , да , ми се неизбежните лицемери , не за нешто друго , туку глупавите мислат никој не сваќа дека се преправаат , а уште полошо , со таквите мора и ти да се однесуваш малку лицемерно , зашто нели , секој го добива истиот третман што го пружа , ама кај и да е , еден ден , во блиска иднина ќе ми пукне филмчето :) ... Во истиот кош морам да ги сместам и оговарачите , зашто овие две особини лицемерие и оговарање обично одат рака под рака ...


    А пак оние , со туѓи перја што се китат , или оние , ти кажува тебе како да живееш и како да се однесуваш , а самиот живее сосема спротивно од тоа , и тие се божем најнапредни и најотворени , а полни се со стереотипи и не гледаат подалеку од носот , е такви имаме во изобилство денеска , секој си има по барем десеттина такви во животот ... Ах , да , и обично овие се и патолошки лицемери и оговарачи , значи пак се на истиот тип на луѓе се сведува


    И ајде , да не продолжувам , се изнервирав ...
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Мразам луѓе што ме лажат пред се, луѓе што се фалат дури и за 4 пара за 100 што си купиле чорапи, ДВОЛИЧНИ илуѓе што сакаат да ги сожалуваш!
     
  18. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Луѓе што лажат,што се лицемерни,што се понашаат ко бебиња ,што мрмкаат цело време,што сакаат се да биде како што ќе кажат... :envy:
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас да си ја надополнам листата.

    Луѓе кои толку бедно паѓаат на ласкање, не само што имаат заматена перцепција после тоа, туку чиниш пофалбите им го инфицирале делот од мозокот задолжен за тоа колку-толку логично расудување кое го имале макар и во примеси. И само да се обидеш да отвориш уста против оние кои мислат дека ги гледаат ко некој возвишен створ дали во религиски или свемирски контекст не е важно, има да те задават со голи раце и варварски да ти искорнат и срце и јазик буквално. Разбирам јас до некаде дека секое живо хомо сапиенсче пати од доза одобрување и пофалби да му ја чешнат потребата за самопотврдување ко со пердувче, ама овие не се задоволуваат со толку овие имаат потреба од чешање на его со рибача четка во полно работно време, ма и прекувремено ако треба. Подеднакво ме нервираат и упатувачите на вакви ласкави демек комплименти со цел за лична корист некаква, па на првото грб вртење на жртвата се вакви ]:) .

    Луѓе кои се вечни жртви на системот, семејството, работното место и каде да се најдат, мислиш кога ќе ги видиш дека оваа улога е срасната за нив ко втора кожа, магнети или мастрс оф дизастрс од секој тип мислиш од пусти терет кој им е наметнат ќе ти се распаднат пред очи ко ликовите на цртаните филмови, туку права беља ако немаш лопатче во моментот да ги собереш. Не успевам никако да сфатам како некому му е парола за успех да биде сожалуван, а здрав и прав човек и ете да пати од ваква потреба за свртување на внимание кон себе. Дури Исус ќе го засрамат толку што се добро уиграни некои од модерниве страдалници. Море, мрш од мене може по една Малина и толку.

    И открив нова, многу опасна категорија луѓе во мојов случај еден примерок. Едно над 90% би дале бубрег или некое ребро за личноста која чиниш за сите има толку разбирање, а сама има скоро совршено скоцкан живот ама ослободен од било какви авантури со др.зборови досаден ко лондонска магла. Ама таа да си имала хоби да собира пикантерии од туѓи вистинити приказни и да се храни со нив. Така да колку поголема трагедија ти се случи тебе лично толку поголема сатисфакција во мљацкањето на свечениот ручек за неа. Ма, олицетворение на волк во јагнешка кожа. Туѓата пропаст за доручек, ручек и вечера и по некоја ужинка измеѓу да ти е причина за постоење. Не ти велам „на здравје„.
     
    На do-re-mi, julie77 и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Од друга страна , сите тие луге кој ве нервираат и ги мразите не се родиле со тие карактеристики ...

    сите се родиле ко луге обични , но под влијание на околината (најчесто родители и интернет)
    станале тоа што се


    и така наместо да губите живци и да пцуете ... бидете срекни дека вие сте се бориле против лошата околина и сега сте тоа што сте .....

    мене не ме нервираат ниеден тип на луге .... секој си иде по патот кој другите го градат , наместо по патот кој он го гради , нити ги жалам ... едноставно судбината ги ставила тие луге во мојот живот со некоја цел ... која сам треба да откријам



    плус викаат губиш од живот ако се нервираш ;)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.