Баш моменталниот цитат на фемина, ми се поклопува со твојот муабет: Никогаш не ги кажувај своите проблеми на никого... На 20% не им е гајле, а на останатите 80% им е мило што ги имаш. Лу Холц
Неискрени луѓе кои гледаат од секоја кажана работа да профитираат. Дури и ако сте закажале во 6 да се најдите тие ќе го сменат во 6 и 10 само да биде по нивно ..
понижувачи- не можам да ги поднесам, најчесто се тоа искомплексирани,дал висока ил ниска вредност сеедно, сума сумарум незадоволни од себе си, па ај да си се лечам материјалисти/снобови сеедно- ладни и досадни, дволични- едно пред тебе, друго позади тебе, човек кој не е сигурен во својата проценка или нема две чисти да го каже во лице. шмизлички- лигави бебиња, недозреани, особено ако остане како вродена маана и во повозрасните години, аххх ми доаѓа да . резервирани- како сите така и јас, препотентни-луѓе кои летаат со паметот, его до небо.
Леле, открив нова маана кај луѓето! Ужасно ме нервираат луѓе кои мљацкаат додека јадат. Шлап, шлуп, опаа ти падна ронче, ајде лизни си го, ооопа, си го лапна, а на носот ти застана трошчето, их бре, од кај го дофати, ајде, шлап, шлуп... Па зборува и уште во меѓувреме. ЗАТВОРЕТЕ ја пештерата кога јадете, оти сите лилјаци ќе ви излетаат.
гОолеми фалбаџии Еден ден ке се пофалат со каква тоалетна хартија г'зот си го избришале Спојлер извинете за оф-топик
лицемерни ,лажговци,луге кои мислат дека секогаштие најдобро знаат, луге кои сакаат да го живеат мојот живот,
Се трудам карактерот на било кого(читај само познаници) да не го земам при срце и да ми е сеедно какви личности се. Инаку тука би вбројала страсни мљацкачи при оброци, луѓе што ги ги викам Poke кои те боцкаат за да дознаваат се за тебе не од ошто те сакаат да се разбереме, песимисти, ирреалисти, кој сум јас никој не е, и габи од најнизок вид родени за штета и наситувачи на туѓа несреќа и оние што позеленуваат на туѓата среќа
На листава би ги додала и арогантните, самобендисаните такозвани нарциси и снобовите. Секако не можам да ги заборавам и луѓето што кажуваат мислење без некој воопшто да ги праша, ајде сеа што на ум - то на друм!
Ме нервират луѓе, кои многу зборуваат, а ништо соштествено не кажуваат. Кои не знаат што сакаат, а само кажуват - како сакаш ти, мен ми е сеедно. Луѓе, кои немаат вкус за облекување, примерно има мажи со официални панталони и патики дури се смешни многу, ама повеќе ме нервираат... Ме нервираат луѓе, кои исто така не знаат да кажат НЕ. Ме нервираат жени, кои зборуваат само за мажи и шминки и ништо друго. Исто и луѓе, кои се надуени, а нема на што, се мислат за големото добро утро Ме нервираат луѓе, кои си тепаат животните-најчесто сум гледала мажи да тепаат кучињата си безобразни! Ме нервираат луѓе, кои лажат за пари, било то и 5 денари...нема да осирумаштеја од 5 денари, ама и ти нема да се збогатиш со 5 денари, па зошто го правиш???!!!??? Ме нервираат комшии, кои сакаат све да знаат, кои гледат през прозор кога се прибирам и кога излегувам со кого сум, како сум облечена, дали со такси одам или пешки или со воз бррррр Ме нервираат луѓе, кои имаат све, и пак не се задоволни-сакаат да е поубо од тоа на другарка им, да се по фешан Неблагодарни луѓе, на кои ти си им помагал месеци, па и години наред и накрај, кога веќе имаат тоа, од кое се имали потреба ти пљукат во лице и те пцујат.... Сигурно има уште, ама за моментов “само„ тоа ми текнува... Ако овие луге, кои ме нервираат ги нема покрај мен (знам дека не може да ги снема просто така), ќе бидам задоволна од животот во кој живеам...
Оние кои се претставуваат она што не се - тоа ти се луѓе со сите лоши особини собрани во нив. Да не знаеш на што си... Сешто може од таквите да искочи, се претставува едно, а уствари е сосем друго.
Ме нервираат луѓе што секогаш кажуваат нешто и на крај никој не може да сфати што кажале, мразам дволични луѓе што зборуваат зад грб- подобро да ми кажат што мислам отколку да ме оговаар зад грб, не дека обрнувам внимание на тоа, ама ме нервираат таквите луѓе. Мразам луѓе што лажат само за да испаднат некој и нешто а знаеме кои се и што се.
Луге кои свој леб јадат а туѓо гајле берат! Дволични,манипулатори,гребатори,фалбаџии...садистиии! И за крај луге кои живеат во кајче... Спојлер алоо затвори врата!
Превртливи,како што дува ветрот така и тие се веат.Или сончогледи,сеедно.Еднаш вака,другпат онака.И се дрзнуваат да те погледнат во очи и да ти кажат нешто сосема различно од она што до вчера ти го тврделе.