саможивни,себични,луге кои не знаат нешто а упорно ве уверуваат дека е тоа така,а најмногу ме нервираат оние луге кои ги понижуваат другите луге
Досадни, постојани премислувачи и неодлучни: Еј Симона ај да одиме овде а? Важи бе! Или сакаш онде м? Сеедно, мене и првото ми одговара. На оваа маса или на онаа потаму? Јас чај ќе пијам. Ок, јас кафе. А што, ти не сакаш чај? Оти не земеш поголем сендвич, ќе ти се пријади пак. Или и јас да си земам кафе а? Брееееее мајка му стара, за една ситница да не можело да се одлучиш, епа на нерви ми одат! Не дај Боже нешто од огромна важност да треба да решат цц.. И уште еден тип - флегми, неспособни и доцначи! Сите овие во ист кош оти мислам дека одделно особиниве не одат. Добро бе од пред 1 недела имаме закажано и КАКО стаса во последен момент да ја измиеш косата и да заглавиш во спремање. Сум била дел од прееееемногу вакви ситуации и од што сум нервозна не сакам ни да раскажувам Престанав да ги чекам. Сама ако треба ќе си седнам во кафуле, на топло, па ако дојде арно, ако не - аривидерчи енд тенк ју бат ај тинк ај вил невр си ју аген
Можам да кажам дека ме нервира кога си делел со некој убави моменти и доаѓа момент да се однесувате ко странци. Ме нервира кога луѓето не се однесуваат разумно, туку дозволуваат болката и бесот во нив да преовлада, па кога ќе се сретнете на улица ни "здраво" нема да си кажете. Ме нервира кога со некој си делел убава приказна, а следи она- "Врати ми се што сум ти дал." Не ми се случило, но таквото однесување ми е недозреано. Тоа ми е негирање на сето она што си го мислел и чувствувал. Навистина, не можам да се помирам дека многу луѓе сум изгубила на глуп начин, без оглед по чија вина. Веројатно за се потои причина.
паразити,емоционални вампири и луѓе што мислат дека се центар на светот и што е најтрагично сето ова го имам во фамилија
Ајде бе, колку сака нека е паметен ако не се однесува убаво сигурно дека ќе ме нервира. Ме нервираат оние кои постојано молчат и преќутуваат многу работи и не се искрени. Оние што се себични, само нешто се жалат многу ме нервираат. Ме нервираат луѓе од типот "Имам решение за секој проблем" убаво да можеше сите да имаме решение, ама овој тип на луѓе има решение баш за секој ваш проблем и не му смета да ти даде мислење поврзано лично со тебе на кое не си му побарал совет или пак дури не ни сметаш дека треба некој да ти даде решение, упорно гледа да ти го наметне решението. Ме нервираат оние што мислат дека се знаат и не се обидуваат да сослушаат никој само дека се убедени дека се знаат и дека мислат најправилно. Има многу типови на луѓе со негативни особини кои можат да ме изнервираат во дадени моменти во зависност од ситуација.
Луѓе кои се арогантни......самобендисани....кои се мислат дека се најпаметни и знаат обично да го кажат последниот збор безразлика дали е точен мора нивниот да биде последен....онио кои мислат дека само тие вредат и се над сите а кажуваат немразам јас никого само сите неможат да бидат како мене.....исто така оние кои се безчуствителни а пред други глумат огромни чувства итн.премногу се ама воглавно таков вид
Што имаат толку бујна фантазија што дури забораваат дека јас ги познавам уствари. Уффф.Дури ме тераат да замолчам и да си отидам.( Еј јас да замолчам! Кај го има тоа? ) Неможам ни да ги слушам а и немам нерви да исправувам криви дрини.Не вреди!!
Mногу мразам негативни љуѓе,колку и да сакаш да ги усреќиш тие упорно се ,ме нервираат душкала,и најмногу од се..оние кои упорно се трудат да те убедат во нешто што несакаш...
И мене исто,ама баш исто...ама така страшно ме нервираат уфф,и такви што ти знаеле се,во секоја тема тие се запознаени тоа е страшна култура,образование,интересирање за се,а ти се молам незнае г*зот да си избрише