луѓе што се зачлениле пред 3 саати, веќе имаат 50 мислења и коментирано во секоја тема! ако се пронајдеш кој си браво за тебе! ____________________________________________________ и ``луѓе,, што ставаат вакви слики по фб:
Ме нервираат луѓе буквалисти! Кои не знаат да сфатат метафора, забава, шега, не знаат да укопчаат нешто плус од тоа кажаното. Како им се рекло, така. Се сфаќаат лично, во секој збор гледаат навреда или закана... Лета ли магарето, лета. Ај со здравје, ќе летнете и вие некој ден со тој памет. Последно време ме нервираат лабилни личности. Сите со его до небо, куку мајко, јас вака не правам, јас така правам, само вака во животот, само така.... и на крај го прави баш тоа спротивното што рекол дека нема никогаш да го направи. Најдете си став и држете си се до него, или па, никогаш не велете никогаш. Незрели, детски размислувања, пукнувања на фитили петпати дневно и несфаќање од околината - се почесто се сретнувам со вакви, ми иде да ги отерам уууууу.... Свирипичино, ајде. Не може да чиниш само ти, сите други да не чинат. А, бе опрајте се, олкави магариња и магарици, над 20 и кусур години, бива ли бе сестра ми, 8 годишно дете, да е поразбрано од вас ?! Типчиња во некој УАНАБИ филм, со нивното - пошо пеер сфаќаш... НЕЕЕЕ пеер, не сфаќам. Глупава сум јас, ти си најдобар, паметен и убав. :geek:
Некултурни аууф страшно многу се вадам од такт од ваков калибар на луѓе (не луѓе ). Завидливи кои на ситница ти се љубоморни . И оние арогантните и nедопирливи на прв поглед чиниш ако им прозбориш ќе те акнат со бокс во глава
1. Ограничени 2. Арогантни 3. Самобендисани без причина 4. Глупави луѓе кои за се имаат мислење (кое е единствено правилно ) 5. Луѓе кои без проблем би ве изневериле ако така им чини -редоследот е подложен на промена без претходна најава
МЕ нервираат луѓе што имаат по 20 и кусур години а се понашаат како деца... Не го гледаат нивниот живот и се замараат со туѓиот.. се замараат со муабети и со тоа кој кажал и што рекол? Аман!! Ме нервираат луѓе што за секој неуспех мора да им е крив некој.. никогаш не си го стават прстот на главата и да речат дали можеби е проблемот во нив? Ме нервираат луѓе што самите дозволуваат да те губат како пријател а секогаш тебе ти викаат дека си се одалечил.. Ме нервираат луѓе што секогаш ти ветуваат и ти тврдат дека те сакаат ни никогаш не го докажуваат тоа..!!
Се имам изјаснато на темава сега да надополнам Ме нервираат луѓе што мислат дека тоа што тие го кажале е најинтересно од се. На пример, ти кажуваш нешто смешно, сите се смеат освен таа личност. Тогаш таа мора да дофрли нешто посмешно од твоето за да биде главната фаца И така се однесува со сите. Таа личност никогаш не се смее, таа го има послениот збор и сите се смеат на него. Дури сум кај овие личности морам да ги спомнам и следниве: Ти кажува некој виц. Еве вака: Си биле Мујо и Хасо. Додека спиеле вечерта им влегле некои натрапници и почнале да го тепаат Мујо. Наредниот ден Мујо му рекол на Хасо: Хасо, ај ти спиј вечерва горе, јас ќе спијам долу, да не ме истепаат пак. После, пак им влегле истите натрапници, и знеш што рекле? Еј, ај вечерва ќе го истепаме овој долу, на овој горе доста му беше. И почнува да се смее хистерично. Колку и да не е смешен вицот ќе се насмевнеш бидејќи покрај тоа смеење МОРАШ и ти да се смееш, а по кратка пауза ти ја повторува последната реченица од вицот: Хахахах еј, „Еј, ај вечерва ќе го истепаме овој горе, на овој доле доста му беше.“ И повторно следува хистерично смеење. Добро, ова сите го правиме, не е толку иритирачко, иритирачко е она што следува следно: ПОВТОРНО: „Еј, ај вечерва ќе го истепаме овој горе, на овој доле доста му беше.“ Леле... добро кажа еднаш, не е повеќе интересно И кажуваш и ти некој виц, па после тебе уште некој, и таман сте ја врзале работата, ве прекинува ириирачкиот глас и со смеење ви вели: „Еј, ај вечерва ќе го истепаме овој горе, на овој доле доста му беше.“ што понекогаш следи и со удирање на вашата рака, од неговото лакто
Пописот на работите кои не лутат е долг, но, иако некои се посебни, поголемиот број од нас нè нервираат исти работи - тврдат авторите на книгата „Непријатност: наука за она што ни пречи“, Флорс Лихтман и Џо Палка. , луѓе кои гласно разговараат на мобилен на јавно место или дете кое плаче се само некои од работите,галеничиња,дволични,лажговци,арогантни,безобразни
Фалбаџии (ова ми е од ваму,ова е толку пари,ова е оргинал...бла,бла) Лицемери, лажливци (срцка си ми, само тебе можам да ти кажам се, а потоа слушаш дека истото го кажале на некој друг) итд.итд
Неодговорни на прв место. Збеснувам кога некој не знае да исполни тоа што е кажано или договорено, а особено пак и ако не те извести навреме
Досадни, заморни пицајзли. Живот да се немало во нив, фацка лимонова, само нешто им смета, само нешто подредуваат, се потресуваат за глупави ситници, те скенираат од глава до пети, ти тргаат влакна од грбот, бараат фалинка во јајцето... дел од овие имаат примеси на OCD, и стварно ми доаѓа да им лупнам по еден врел шамар. Неодлучни. Им треба еден век да пресечат. Ќе се консултираат со сите, и врапчето ќе дознае за проблемот, и уште 100 пати ќе прашаат и пак - нема да се одлучат.
Нема муабет за лицемерни,лижачи,лажговци,фалбаџии,арогантни. Од кај знам јас кој е лицемерен,кој не. Неможам во близина да поднесам напнати намќори и неодлучни луѓе. 10 минути се малтретираат дали ќе поручаат кифла или ѓеврек. И така те тормозат тебе: ама зошто,ама како,ама не,ама да..ај у три лепе. И напнати..се нешо им фали. Ладно е,гладни се,досадно им е,им се спие,кубаат коси пред тест,се дрецкаат зошто,како,кога.. Неможам со такви луѓе,не и не! За сите други има лек..ама овие се гњаважи!
Луѓе без мозок у секој случај... а да, и оние што се во филм: јас не верувам на никого, мене животот ме разочарал, сега сум злобна барбика, срцето ми е од пластика бла бла бла... Ај ма не се трескај од земја, здрава ли си што зборуваш? И оние што употребуваат физичко насилство, дефинитивно.
Ме нервираат луѓе што работат зад грб, што лажат.... ме нервираат љубоморни луѓе и луѓе што не им е важно како се чуствуваат другите поради нивните постапки...
Нарциси. Трачари за СЕ што им се случило на луѓето. Во нив спаѓаат и оние кои им висат на туѓите профили на фб и прават приказни од една слика. Потпрашувачи за се и сешто, како брза помош да им си.
Уфф, луѓе што се како зачини па морат да се вмешат во секоја манџа оние коишто се интересират повеќе за туѓите животи отколку за нивните и оние коишто се трудат да ти го средат животот односно сакат да ти докажат дека не знаеш што правиш
Помодари и егзибиционисти Па уште ако е комбинација, како што честопати бидува денес, убавини Oh, you know, I'm so fu*king special and different and sooo... wanna be ... and such a retarded creep ќе додадам Порано се нервирав за голем дел од категориите на луѓе кои како што читам се постирани во темава, ама сега сфаќам дека тие се нужно зло. Додека овие два типа, самостојно или во комбинација (а на комбинацијата ќе се посветам во овој пост), за мене се нужен причинител на потребата да станеш мизантроп. Многу ме нервира нечија дебилна потреба да биде забележан, посебен, да привлече внимание на секаков можен начин, притоа не сфаќајќи колку уствари не е тоа што го посакува и никогаш нема да стане, зашто со самото она што се обидува да го направи докажува дека е само уште еден со извинение помочан дел од толпата од која толку се прави дека се истакнува (а всушност тргнува по ист пат со таа толпа, од исто место започнуваат, на исто и ќе завршат) или уште подобро, само обичен дел од простите маси, мада пре би рекла, основна и суштинска градбена единка на простата маса. Едноставно, се радувам што живеам во време во кое сите се раѓаат толку надарени, интелигентни и посебни А повремено ме нервираат и луѓе кои претерано се внесле у фазон bitch pleasе. И ценам добар сарказам, не велам не, само што во последно време кај одредени луѓе почнувам да го гледам како своевиден начин да се прикрие сопствената немоќ, незнаење или фрустрации. А кога ќе подразмислам подобро и хардкор сарказмот е една врста на помодарство, нели денес сите се опасни мадафакери и bad ass bitches. Тоа е модерно
The Natasha type...ако може таквите како неа да се наречат луѓе....не секој неандерталец еволуирал во хомо сапиенс.