Монотони Кај нив секогаш се е по старо, тешко се вклопуваат, не ги менуваат навиките и се вечно преморени од животот. Незнаат да склопат два-три збора, најчесто одговараат со да и не и чувствуваш дека им ги влечеш зборовите од уста. Испитувачи Од кај го купи ова? Каде е тоа? По која цена? Другарката сега уште со тој е? И како им оди? Се чувствувам како на испитно столче. Не сум должна да поднесувам извештај никому. Врв на се беше кога ме прашаа за фирмата на мојата школска униформа. :geek: Врескала На еден километар можеш да ги слушнеш по крекањето. Рушат се пред себе, брзоплети и најчесто со ограничена интелегенција .
Ги избегнувам луѓето кои не се open minded. Не знам, некако не ни се совпаѓаат мислењата и доаѓа до кавги. Не сакам таканаречени "упикувачи" ти разговараш со некој и ти доаѓа, збори двесте на саат, се фали и нема осет дека треба да се тргне. Егоцентрични нарциси, а може и да се наречат drama queens. Во нивниот свет се' се врти околу нив, сите ги сакаат и сите за нив (демек) зборуваат, мора да се центар пажња. А ако веќе не се центар, тогаш почнуваат со плачења и колења за да, нели, сите очи бидат пак на нив. И тоа е тоа.
Не ме нервираат неамбициозни, монотони, луѓе што не знаат што сакаат од животот и сл. Тоа мене не ме засега, за нив си е , тие нема далеку да стигнат во животот и воопшто нема потреба јас да се замарам со тоа дали некој имал цел во животот или не . Во последно време многу се трудам да не избрзам, да пробам да ги разберам луѓето, да ги сфатам зошто така постапиле, може имаат некоја причина за тоа ама посебно од контакт ме вадат следните типови Мрчатори За се има по нешто да кажат. Само да се мрчело. И во последно време напнаа со коментари од типот Не можам да сфатам како луѓето можат да го гледаат Twilight ? Па никооој не те тера да сфатиш бе ! (не дека сум обожавател на филмот, го мразам ама ако има некој што сака да го гледа нека повели) А ако те напнале околу премиерата со статуси по фб, на таквите им идеш Hide и крај. Баби - озборувачки Го пикаат носот секаде и само наслушнуваат. Трачарењето им е опсесија, живеат да слушнат сочен трач и да пукаат сеир . И што постигаат со тоа што се радуваат на туѓа несреќа (кој со кој раскинал, леле види ја се омажи трудна остана а уште гимназија не заврши ...) Некој подлабок муабет да почнеш да правиш со нив, не дај боже , научна фантастика им е .. Лицемери, себични, газолижачи, самобендисани нарциси...
Гзолижачи. Умилкување,пикање,не правејки го тоа што го сакаш за да му угодиш на тој другиот...Лица без свое јас,кои само се потпикнуваат. Јазикот кафеав им стана веќе
Феминистки и патријахално воспитани мажи! Посебно овие првите. Тоа се главно девојки во некоја пубертетска фаза, кога нешто чуле, а не дочуле, кога нешто читале али не дочитале... И овие вторите па, бљак! Не сакам маж шо многу љуби да си конзумира ракија и салата за време на некој фудбалски натпревар и така да се дере додека се живо му паѓа од устата. Жена му е истренирана слугинка, а синчето му е мало царче кое еден ден ќе го замени неговото место на каучот шо тој го направил со дебелиот газ. Болно амбициозни луѓе! -одма знаеш дека нешто не чине со нив! И луѓе со комплекст на нижа вредност! Толку сега за сега...
Цинични, дволични, сезнајковци, себични, препаметни, оние што се креваат во облаци , оние кои немаат свои ставови и дозволуваат да бидат управувани од други ...
Луѓе опседнати со мода Дволични, га*олижачи, себични, луѓе кои летаат во облаците и кои мислат дека се којзнае што и ги омаловажуваат тие околу нив, нарцизи, луѓе што не знаат колку е 2+2, а на друг памет солат, љубоморни.
Тие што викаат дека не сакаат турбо-фолк Спојлер а веќе купиле карти за концертот на Аца Лукас . And I'm so jealous.
Луѓе што лажат и откако ќе бидат откриени не признаваат (2 во 1) Лицемерни , озборувачи , користољубиви .
Дволични,лицемерни и високолетачи луѓе дефинитивно.Зошто ме нервираат?Затоа што ми одат на живци ете затоа
Баш овие!!!!!!!!!!!!! Од сите горенаведени психолошки профили кои "BTW" се одлично и студиозно класифицирани , имам по еден типичен пример на моето работно место..
мене најмногу ме нервираат луѓе кои искористуваат, кои се цинични, дволични и кои секогаш мислат дека се у право и дека секад треба да биде по нивно.
Ново надополнување Ме нервираат луѓе кои се превише into политика, религија или мода. Океј е сето тоа, кој шо сака нека си следи ама почнуваат да ме нервираат ако своите заклучоци за луѓе ги донесуваат врз база на тоа кој како се облекува, за која партија е или дали нивниот соговорник е into религијата како него или не. Такви луѓе страшно ме нервираат, колку и да се океј личности, затоа шо духот и е измалтретиран со многу ствари и заклучоците главно и се врз база на религија или на политичката партија за која рипкаат, без да застанат и да си размислат како индивидуалци, сами за себе. Океј е да се ангажираш, да дебатираш за политика и партиски да се определиш, океј е да си купуваш брендирана облека и да бидеш дотерана од глава до петици, океј е да се молеш и да веруваш таму, но не е океј да бегаш од луѓе ако го симпатизираат Груевски, а ти си СДСМ, не е океј да и се смееш на некоја шо ја заболе за тоа како е облечена и не е океј да не се дружеш со верници ако си неверник и обратно. Тоа за мене се ограничени луѓе, полни со предрасуди!