Неписмени - еден јазик имаме и тој не го знаат Прости - човекот излегува од дивината, дивината никогаш од човекот
Најмногу ме нервираат луѓе што се дволични,луѓе што за да извлечат некоја корист кај некој ќе те оцрнат тебе,луѓе кои не го живееат свој живот туку ги интересира кој што каде кога,љубоморни кои се радуваат на твојата мака а беснеат кога нешто добро ќе ти се случи..........Ах какви се луѓе нема на планетава
- Флегми - се врткат лево десно, се мислат, решават и премислуваат 100пати во минута, па уште кога те кочат и тебе и ти го трошат бадијала времето - Сезнајковци - едноставно се' знаат, а пак уште и кога те убедуваат дека само и само тие се во право, уф уф мори мајко - Подлизговци (дудлачи) - Кодоши - Лицемери - Песимисти
Паразити - емотивни и материјални. Оние што живеат од и за другите, што немаат свој интегритет и идентитет, што сакаат да кукаат дека ним секогаш нешто лошо им се случува, жртви се на сопствениот мазохизам и страдаат од потребата некој да ги сака невротично. Тој тип на луѓе не ги поднесувам. Не поднесувам жени без однос кон себеси и патолошки уплашени од мажите. Не поднесувам мажи - галеничиња што сакаат само отворено вагинче и затната уста. Луѓе без основна цел и мотив за живеење, т.е таканаречените немтури или намќори, сеедно, што единствено од етичка гледна точка не смееш да ги утепаш. Паничари - особено маж паничар! Аууу, просто ти доаѓа да му шлапнеш една циганска. Ме нервираат некреативни луѓе, луѓе што не читаат а богами не знаат ни да се изразат, луѓе без смисла за хумор и умереност... Многу нешта, ме нервирале бе?
Лицемерни ,дволични ,себични едноставно неможам да ги поднесам а и не се ни трудам воопшто,вакви не заслужуваат ни 1 минута да им одвојам од моето време.
Дволични , себични , паничари , метеријални -спонзоруши, луѓе без цел, така навикнати цел живот да кукаат како нешто им недостасува , секому по нешто недостасува но никој не е должен да слуша некого како цел живот кажува едно исто а не се труди да промени нешто во истиот и ништо не работи. И оние кои не можеш збор да им извадиш од уста е тие се најопасни ... луѓе без смисла за хумор и дружба и без позитивна енергија кои по секоја цена сакаат да ти го расипат денот . Има по луѓето многу негативни особини... никој не е совршен но бар да се има некоја граница и некој степен на култура... Ај доволно беше без потреба ќе се изнервирам еве дојде еден таков со една од споменативе особини ...овде на работа па сега ќе губам време со него додека му објаснам што како еее година ќе ме фати цела Е ајде како да направам да го снема него и неговото филозофирање кое сум го слушанала безброј пати и пак морам да го слушам како дел од работниот однос ... Среќа што ретко иде еднаш во месецот... па некако го истрпувам од култура . Ете ваквите не сакаат да признаат и кога грешат , се си знаат...
Мене баш ме нервираат такви ...никакви,арогантни што си мислат дека се кој знае што а не знаат името да си напишат Дволични,песимисти....не педнантни,хистерични,прости...и да тие молчеливите ( абе најопасни се тие )
Користољубци, себични во секој поглед, лигави шмизли, его трипери, ограничени, некултурни, луѓе без осет за било што посебно за други, преваранти, тотални лицемери, трупови (луѓе без емоции), несмасни, расеани, луѓе без осет за педантност...итн. итн.
Скржавци. Оние кои ставаат рецки - ти мене ми даде толку, еве ти од мене волку. Што само бројат, премеруваат, анализираат, а никако да пресечат, за што? За 5 денари? Mразам скржави луѓе, на кои се им се пресметано, немаат широчина на духот некогаш да се понудат да платат, да почастат, да позајмат во неволја... А најмногу од се - мразам кога се циганчат на работи за себе. Ајде донекаде и пробувам да ги сфатам - да се циганчиш за други и да штедиш демек. Ама за себе, за свои потреби и желби? Никогаш. Леле значи многу мразам вакви луѓе. Ти должам два денари. Еве ти 5 и не ми се јавувај веќе за кафе никогаш.
Дволични, себични, такви кои мислат дека секогаш се во право и се знаат. Па кога уште ќе влета во свој филм дека тоа е така и така било и почнува да ме убедува уште, е тогаш се целосно исклучувам и одам на игнор. Некои се без осет и замараат без потреба и бегам ама буквално бегам од такви лигуши
Прости луѓе и луѓе што сами себе се деградираат, луѓе што проќењаваат и се прават силни, а при првата слабост ќе си ги изедат гомната што си ги исрале еднаш. Ете такви. Луѓе без свое јас, без гордост и достоинство, што неможат да си ги контролираат нагоните, таквите ме потсетуваат на животни.
Луѓе што не знаат ништо, а се мислат најпаметни, па и упорно сакаат да те убедат во нивното верување, кое често може да биде некоја бабина деветина, луѓе полни со предрасуди за се, без да пробаат ништо, ограничени луѓе, плитки...
Оние што лажат и тоа оние што ме гледаат право в очи и истите се обидуваат да ми ги замачкаат. Значи преку се‘ можам да преминам, ама преку лажење не. Тоа ми е нешто најниско, најподло, нај-за жалење. И кога еднаш некој ќе ме излаже, толку од довербата што ќе ја имам спрема него. Се стори.
Луѓе кои мислат дека знаат се и дека во се се најдобри и се прават многу бистри И луѓе кои малтретираат животни
Неписмени,луѓе кои се прават најнајпаметни,а всушност,се многу глупави. Луѓе кои мислат дека имаат моќ над некој кој не се облекуваат добро како нив,кои истите ги сметаат за сиромашни ,прости,а всушност тие се тие . Арогантни личности. Оние што лажат,те гледаат во очи и се прават цветичи,додека позади грб ти копаат гроб и гледаат како да ти биде полошо. Користољубивци,кои пишуваат на фб и на мсн,исклучиво кога ќе затреба нешто.
Анти-амбициозни луѓе без цел на нивното постоење. Прости, необразовани и ниско интелегентни луѓе. Билдери и манекенки. Мамини и татини галеници. Скептици, песимисти, ограничени и луѓе преполни со стереотипи и предрасуди.