Луѓе што постојано се жалат на нешто, песимисти, нерасположени и скиснати фаци луѓе оговарачи, клеветачи и Спојлер газолижачи
Луѓе кои каснат. Луѓе кои неодговорно го користат мобилниот телефон(не знае каде му е, не го слушнал,случајно му се исклучил па не знае пин.. ). Луѓе чија неорганизираност или лош time management влијае на мене. Луѓе склони кон употреба на вулгарности, клетви, закани, караници... Луѓе склони кон честа употреба на сарказам и иронија. Луѓе кои изиграваат кловнови. Луѓе кои говорат со повишен тон, посебно оние кои продолжуваат со истиот и изведуваат монолог дури и кога соговорникот ќе замине. Луѓе кои даваат премногу ветувања. Луѓе кои не го исполнуваат ветеното. Неамбициозни. Луѓе без план. Луѓе без соништа. Луѓе кои тапкаат во место. Луѓе кои не стојат цврсто на земја.
Луѓе на кои главна тема на разговот им е "ЈАС" Луѓе што оптертетуваат со муабет за нивните мали деца или внуци, мислам who cares? Луѓе што спијат до касно без осет, неодговорни и секогаш доцнат. Луѓе што немаат војла за ништо и што секогаш треба да ги буткаш напред за да им текне нешто. Луѓе што постојано треба да ги потсетуваш да направат нешто.
Сега на прво место ги назначувам насилните.Па потоа тие што многу лажат,се величат со исмејување на други луѓе,тие што се уништиле себеси со цигара само да да дојдат до трошка слава,тие што им идат на “моќните“ по газот. Итн..
луѓе оговарачи многу ме нервираат тие што немаат по паметна работа па само оговараат за жал опкружена сум со многу такви, ме нервираат и дволични луѓе, шмизли, скиснати фаци и насилници ......
Смуртени луѓе. Огорчени кон себе и целиот свет, такозвани тумруци. Песимистички настроени и негативни, до толку што и тебе ти пренесуваат од тоа нивното. Луѓе кои се прават дека имаат самодоверба, само поради тоа што се свесни дека се ситни, никакви и безвредни. Луѓе полни со комплекси, кои упорно тврдат дека ги немаат истите.
Такви големи песимисти, кои пред секое случување нешто треба да е лошо или негативно. Исто така тие кои се прават важни, и не те поздравуваат иако ги знаеш многу добри. Тие кои се прават главни...
Ме нервираат себични луѓе што си гледаат само за себе и за својот интерес, а за другите што им е гајле битно по нивно е. Важно тоа што си го наумиле си го исполниле па по цена и газејки преку сите. Уф колку само ме нервираат вакви луѓе. Ме нервираат и луѓе кои сметаат дека се многу директни и можат да ти кажат се во лице, а всушност некогаш знаат да излезат доста прости со тоа што ќе ти го речат. Излегуваат многу глупи а не се свесни за тоа. Пак и многу летаат во облаци. Кој ги прашува за мислење бе! Директна таа била, можела се да ти каже во лице пффф! Е вакви дотични персони најмногу ме нервираат! Ма ме вадат од такт. Најдобро ги опиша Трендафилка ќе ја цитирам многу ми се допадна напишаното: "Оние кои сметаат дека го имаат луксузот да лупнат се' во фаца некому, иако честопати не се ниту запрашани за мислење. Јас да си кажам што мислам... Кој те праша, побогу? Јас сум таква, јас не ќутам. Браво за тебе, твоето мислење не интересира колку и климата во Боливија. Па уште тоа го сметаат и за некоја специјална доблест и вештина. Не, особината на ваквите луѓе е просто = на гомнојадење. И секој денеска го може тоа. И не е воопшто за фалење, ваквите капачиња на секоја манџа ме вадат од такт. "
Ме нервираат глупи луѓе, кои не се свесни дека се глупи и се прават многу јаки. Ме разбравте така? Е такви ме нервираат. И нарциси, шмизли, и намќори.
Краткорочно ме нервираат луѓето кога доцнат и им давам до занење, долгорочно ме нервираат лицемерни луѓе кои гледам да ги избегнувам. Мразам лаги и прекинувам комуникација со луѓето што ме излажале.
Луѓе кои лажат и покрај тое што се приметливи. Луѓе кои мислат дека се единствени на светот. Луѓе кои прават неправда.
Луѓе кој постојано лажат, кои се лицемерни, шмизли, љубоморни, дволични и тие што се срамежливи, ќутливи абе со клешти им ги вадиш зборовите
Луѓе цицачи на енергија, луѓе од тиопт "кутриот јас", полни со негатива, болни за внимание и сожалување. Дрските, аргоантните луѓе не ми се ни приближно толку одвратни како нив.
мене сите ме нервираат.. секој човек има по некоја мана, некој е циција, некој дволичен, а некој и троличен, некои на висока нога... ги има секакви.. за жал.. ама НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН!
Ме нервираат луѓето кој не се некој факт а се дигат како да се.. ме нервираат и дволични, себични, скржави и љубоморни