За кобожемските фраерки треба некој чекан да се освестат,а тие шо се како слуги се за жалење и стварно ѓи жалам,не се свесни за ништо како под анестезија да се или под дество на ама за второто чисто сумњам. А мене ме нервираат големите фраерки луѓе кои немаат свој живот па се мешаат во друг живот....
Дволични , лицемерни и најмногу оние што ти се прават другари & другарки , инаку и тие што мислат дека се нај нај а уствари се никој и ништо се ептен тапа
Неодговорни Оние кои не доаѓаат на време Оние кои не го одржуваат ветениот збор Оние постојано што се намуртени и се нешто им фали (материјално) Oние кои умеат и знаат како да ја уништат туѓата среќа
Луѓе што незнаат да одржат ветување Луѓе што се мешаат кај што не им е местото па одозгора мудруваат Лицемерни луѓе Арогантни Претерано религиозни луѓе Луѓе што мислат дека знаат се и неприваќаат туѓо мислење
Одвратни луѓе кои се дружат со тебе,а притоа те оговараат... Уфилмани луѓе..Нарцизи Луќе со назадни сфаќања... Луѓе кои не го сфаќаат зборот ЗАБАВА Луѓе што се мешаат во све... Луѓе кои не го одржуваат ветениот збор... Дволични особи
Луѓе кои во еден период во твојот живот имале голем удел и значајно место и биле свесни за тоа, но поради некои причини самите тие одлучиле да исчезнат од твојот живот без трага и глас, но после многу месеци, а можеби и години ти се појавуваат од нигде никаде и пробуваат да ти го загорчат животот од чиста мира. Но во исто време и пробуваат да го вратат она што некогаш сте го имале, ти се мешаат секаде и сакаат да ти направаат проблеми. Е мразам такви луѓе.
оговарачи најмногу,немаат свој живот се мешаат во туѓиот,дволични,лажливи,користољубиви,дигнати...и лажни пријатели
Љубоморни луѓе,кои ти се прават пријатели а ти завидуваат у позадина...Е таквите и опасни може да бидат,барем јас такво искуство имам Мразам и луѓе кои се прават со сила нешто што не се, глумат некое лудило,а не се свесни дека им се приметува глумата. Да подобјаснам: читале некоја книга дека треба да се однесуваат на овој или оној начин, да зборуваат вака или онака, да гестикулираат на незнам каков начин...и сега одеднаш по шема...а глумата им се гледа од облаци. Мразам луѓе кои многу филозофираат, а не ни знаат што глупости трескаат, а со тоа филозофирање само сакаат да прикријат дека се глупави, или да избегаат од суштината на темата.
Ме нервираат луѓе кои секогаш "знаат се", луѓе кои постојано се удараат во гради и викаат јас, јас и само јас
најмногу ме нервираат луѓе кои кога седиме во друштво,молчат како камери снимаат и потоа со кого и да се видиш се знае за тебе...е такви луѓе кои ти се прават другарки а те издаваат значи аууууччччччч!!!!! и да се скараш со некого никогаш не треба да издадеш што си имате една со друга споделено али ретко денес кој знае да чува тајни.... дизастр ДРШК!
Многу мразама дволични луѓе, а замислете, само со такви сум опкружена... Значи стојам со (да кажеме) 4 пријателки, двете заминуваат до продавница и оние што остануваат, веднаш почнуваат да оговараат за оние што отишле, потоа едната се враќа прва, па за неа премолчуваат, па почнуваат за онаа што сеуште не е стигната... Се прашувам кога не сум со нив, што се ми зборуваат зад грб?
Луѓе што најмногу ме нервираат се оние кои не си стојат на зборот т.е кои не ги исполнуваат ветувањата.
Порано многу си ставав при срце кога некој немаше да е во ред кон мене....еден ден се разбудив и сфатив дека проблемот не е во нив, туку во мене и моите очекувања, па од тогаш ми е многу полесно и никој и ништо не ме изненадува Не, озбилно....има карактеристики кои можам да ги толерирам, и со тие луѓе и ден денес се дружам. Се` друго е фрлено во Trash и не им посветувам внимание, премногу ми е скапоцено времето и мирот за да се нервирам.
Луѓе што доцнат...мислам да оставиш некој да те чека пола час, на улица, па и дома, а притоа да се однесуваш ко некоја примадона, демек вредна за да те чекаат, е крајно безобразно и без осет. Многупати намерно сум тргнувала подоцна, за да ги ставам во ситуација тие да чекаат, ама не бре братко, пак јас сум таа што ќе стигне порано. Боцкала... некои рандом луѓе не, ама мразам кога близок човек со намера боцка и провоцира само за да те повреди. Луѓе кои немаат добар збор за никого и за ништо... од се најлошто го вадат, а ако нема нешто негативно да се каже тогаш ќе го измислат, или евентуално молчат!
Онакви кои се мешаат во се и си даваат на право да те прашуваат ама за твои интимни работи, а што е најтрагични па и не ти се блиски. Исто така многу мразам луѓе кои на сите се обраќаат со срцка, душо и ред други такви лицемерни и лигавешки изреки.
Ме нервираат луѓе кои многу доцнат и тоа многу,кои се лиццемерни,кои чепкаат се што треба и не треба,луѓе кои досадуваат ...