Ме нервира кога луѓето користат зборови како ‘‘рандом‘‘, ‘‘дифолт‘‘ и сл, што им фали на нашите ‘‘случајно‘‘ и ‘‘стандардно‘‘?!
мистериозни затворени луѓе полни со негативна енергија ,несигурни во себе,овие се најлош тип на луѓе бетер се од останатите
Mee nerviraat najmnogu znaete onie koi se pikaat t.e se lizat poslee dvolicni,ogovaraci,licemerni ima i mnogu drugii koi ne mozes ime da mu najdishh
Лажговци пред се! Искреноста е прво нешто што барам во луѓето. Потоа дволични, претерано љубоморни, лицемерни, г’золижачи, оние кои премногу се замараат со мојот и со туѓите животи а потоа оговараат (сите оговараат или коментираат некој настан, личност и сл. но не да е тоа претерано, секојдневно и онака разгласувачки ко радио милева ), онои кои се прават наивни душички, големи нарцисоиди (ок е да се сакаш себе си ама не да претеруваш со тоа што ке ги вреѓаш другите дека се вакви или онакви и да се фалиш на секој чекор како тоа си најдобар во се и најубав. )
Малодушни, слаби, луѓе кои соочени со проблем или препрека, бегаат во болест. Колешкава пред една година имаше скршеница на раката. Несреќа, не дајбоже за никого. Ама се рехабилитираше брзо. Еве помина година - испадне ли некој проблем на работа, автоматски се фаќа за раката, жална фаца, плачлив глас и ај Пеперминт ти види. Се ми е страв дека еден ден ќе си добие по истата рака, болната. Луѓе кои постојано кукаат и се жалат дека работата им е тешка, па уморни си оделе дома. Замислете уморни си оделе дома од работа. Како ма, си велам треба да си одиш дома, одморена, ако не ти се свиѓа гитла, луѓе плачат за таква работа. Луѓе што ти ги довршуваат речениците, одговараат на поставени прашања место тебе. Абе ако ја делиме канцаларијата, не значи и дека си ми адвокат или портпарол. - Ќе пиеш Пеперминт кафе? Таман сум отворила уста да одговорам, таа се јавила - Абе што ја прашувате, знаете дека дома пие. Е баш ќе пијам денес. Ај за дете, трудница, дементен старец - разбирам дрчност кон храна. А жена на 50 и кусур. Абе да не можеш да каснеш нешто на работа. Мислам со очи ќе ми го изеде јадењето. На непонудено си зема сама, ич гајле нема дали ќе останеш гладен или не. До толку ми е непријатно што избегнувам да јадам со неа. И така, си ги опишав нејкои од моите колешки, следи продолжение.
арогантни,лицемерни,завидливи,потсмејувачи луѓе што се преценуваат премногу,оние со глава во облаци и напрчени муцки,демек сите се под неа,она е најдобра ,занеслачки со еден збор луѓе што многу зборуваат и мислат дека секогаш се во право и си земат за право да се мешат во нечиј живот(мојата газдарица спага тука) намуртени луѓе,луѓе што постојано се жалат луѓе кои секогаш се дерат и паничат за ситнурии ако ми текне уште нешто ке допишам
оние што немале никој и ништо и малку во нешто што напреднале почнале да ги потценуваат луѓето околу нив
ме нервира многу една девојка иста возраст сме,ама човеци да и испаѓат гради од прслук,да дозволува насекаде да ја фаќат и машки и женски,ја ен би издржала така. Тоа ужашно ме нервира,кога ке видам таква девојка,ниту средена ниту воспитана.
1. „неписмени“ .....оние кои не знаат на хартија две реченици да состават, ама затоа имаат јазик до земја...и сите не им чинат...само тие се најдобри; 2.Луѓе без идентитет и свое ЈАС...без карактер....без цел и...да не набројувам...
Мразам завидливи, неписмени, до вчера била никој и ништо сега други потценува. Оние што делат совети и се мешаат во туѓи животи.
Луѓе без никакво домашно воспитание и култура под нула! Луѓе за кои зборовите „Извини’’ , „Те/Ве молам“ , „Благодарам’’ итн. не постојат. Луѓе кои го пикаат носот каде што не им е местото.