На прво место луѓе од кои најмногу ми се се оние дволичните кој пред мене се прават ангели демек ти се некои пријатели,а помалку од минута да им се тргнеш од видот не поминува,кога на некој друг ке му се изназборат што не затебе,многу побрзо од вистинскиот непријател.По нив второто место го заземаат оние завидливите се додека си нијанса под нив си арен,кога за нијанса ке се кренеш над нив веднаш те префрлаат во листата на непријатели ,на трето место се оние кој коментираат и кога не си ги прашал за мислење.Не за џабе се рекло “БОЖЕ ЧУВАЈ МЕ ОД ПРИЈАТЕЛОТ,ОД НЕПРИЈАТЕЛОТ КЕ СЕ ЧУВАМ САМА“.
најмногу ме нервираат љубоморни луѓе, и оние што се уфурани,кои се замислуваат дека се нешто а уствари не се ништо и оние што лажат !!
1. Оние кои го читаат меѓу редови и она кое не сум го кажала со таа намена. 2. Оние кои мислат дека мојот свет се врти околу нив. Јеа рајт.
Вчера седиме кај другаркава за нова година нели... И сеа...Таму имаше еден пар, не ги познавам баш добро и влегов во некој бош муабет со девојкава, и и викам : “ Убаво ти е ланчево ’’ И она ни два ни три : “ Па нормално дека е убаво, 100 евра го платив ’’ ја.... И згора на се! Дечко и, се убацуе и вика : “ Јас дадов 10 евра за тоа ланче! ’’ и она се смее као да да, си се потрошил и му се врти и му вика : “ Ау , а јас што ти го купив најновиот парфем на Антонио Бандерас ?? ’’, Овој “ Пфф а ова фустанчево денес што го носиш, кој ти го купи? ’’ Јас...со подзината уста ги глеам и не ми се верува на муабетов... Е ваков тип на луѓе ме вади од кожа....
Ех и мене такви ме нервираат, а што е нај трагично и тој и таа едвај на дигитрон пресметуваат колку е 10 евра во денари , a за парфемот од А.Бандерас сигурно им кажала продавачката од парфимеријта пошо бил најскап шо го имале
Ужасно МНОГУ ме нервираат луѓе кои се: - љубоморни - пр. блазе си ти тебе добро заработуваш, светот го прошета, ќе си наследиш пари и станови од родителите, си возиш ауди...итн,итн... - љубопитни - луѓе што континуирано поставуваат безброј интимни прашања, - себични - се дружат само ако имаат лична корист, - што мислат дека се најпаметни и дека се знаат - полудувам од ваквите колеги и колешки, - девојки што до вчера (буквално) немале леб да јадат, но откако ќе си фатат богат дечко или маж, глумат лудило! Но, мислам дека најмногу од се ме нервираат другарки и другари со кои сум била 24/7 додека биле сами, а првиот момент кога ќе си фатат дечко/девојка или ќе се омажат/оженат тотално забораваат дека постоиш. Е за таквите едно ГОЛЕМО DELETE!!!
Еве вакви глупи женски створови , и кај нас ги има http://skopjeid.com/2013/01/04/spie...-drugarka-za-posle-da-i-se-izvini-na-youtube/ А и завидиви , лицимерни и оние кои од што немаат свој живот само чекаат да наштетат некому