Има повеќе типови на луѓе што ме нервират, ама најмногу ме нервираат манипулатори. Манипулаторот во очи те гледа и се обидува да те натера да направиш нешто што нему му одговара, те користи за исполнување на некоја своја цел, а се прави демек на тебе ти помага
Ме нервираат дволични,лицемерни луѓе,арогантни и најмнгу ме нервираат оние што глумат невини,мили,фини,прави ангелчиња а ги знаете дека не се ни половина од тоа
Има неколку вида, ама ќе го издвојам овој вид. Луѓе што ги интересира се и сешто и што го пикаат носот кај што не му е местото. Што наслушуваат сечиј разговор, што „пукаат“ од радозналост. Само бараат некој да биде тема на нивните озборувања, а потоа додаваат фил на нивните го*на и почнуваат да ги јадат Ах, да - и газолижачи
Лигави , некои што ми глумат лудило а им знам се до матичен број новосоздадени шмизли довчерашни лузери , глупи луѓе со кои не можам 2 збора да сврзам некои кој постојано ми се фалат . Светици и Светци на нив местото им е во црква кај што си се не некој тука ќе ми изведуваат .... Како што сум тргнала ќе се запрашам кого поднесувам Ма нормални искулирани луѓе кои живеат свој живот и баш ги заболе што мислат и зборат останатите ситни напатени душички за нив
Постојат неколку типови на луѓе што ме нервираат, и тоа најмногу од типот на... „леле имам/немам пари, леле ова старо ми е, леле ова е ефтино купено, леле онаа се фатила со сељак, онаа е курва јас светица,“ цццц и луѓе кои знаат да ти се прават добри а од зад грб секогаш знаат да кажат работи што не се на место, и т.н. имав јас една довчерашна другарка, за која што од кога ми ги отворија очите, некако сфатив дека за многу работи ми љубоморела... На ист факс студираме, еднаш на една задача ми покажа, а претходно си имав јас решено уште 6 задачи....муабетот и беше дека ако таа не била- јас немало да положам ... има мноогу повисоки отцени од моите и секогаш се нервираше ако извадам солидни поени и сл. ..а иначе почитувам искрени луѓе, но кога не претеруваат со нивните мислења
Не ме нервираат туку ме прават ваква , не им дозволувам да ме изнерираат. * Луѓе што се лижат и умилкуваат дури не го постигнат тоа што го сакаат, па после не те познаваат; * Луѓе што ќе ги прашаш за една работа, а почуваат да ти ја кажуваат цела историја пред и после таа работа и толку многу влегуваат во филм што мислат дека кажуваат којзнае што и дека ти си глупак - исто ко ти врска да немаш. * Газолижачи и сезнајковци кои секогаш кога некој ќе каже или ќе праша нешто тие секогаш имаат свој коментар, мислење, одговор, дури и своја теорија * Некои коишто една мака немаат видено во животов, не кренале нешто потешко од лажица во животов, не знаат да си раскренат кај што ќе јадат, а ти се ку*чат и ти солат памет, вака било поарно - така било поарно, ова требаше - она не требаше. ( инспирирано од вистински примери)
Некои што не ги познавам и што само ги гледам не ме нервираат... освен оние клинкине мали кога се прават дека имаат 20 години и уште од сега почнале со к**варска професија... и старцине во петок и вторник.. А од тие што ги познавам и што сум блиска со нив (поточно другарки) најмногу ме нервира тоа што сме блиски а сепак не постапуваат како што постапувам јас со нив, на пр. ќе излезе а нема да те викне... кога ќе се налути без причина, а според тоа таа личност до сега што ми направила јас не треба да ни да и прозборам, а за една глупава причина ќе ти се налути.. а кога ќе ти се налути јас треба да бидам таа да се умилкува за да ги средиме работите а уствари она треба на колена да ми клекне... Со еден збор ме иритира кога луѓето го прават тоа што јас не би го направила... ама ете факт е дека никој не може да се однесува како јас што се однесувам и дека не постојат исти каракетери, ама пак некој со кој што си со години заедно може да се прилагоди... а не да прави се како што на него ќе му текне xD
Какви луѓе ме нервираат? Не , ќе се воздржам од ова. Еве , најмногу нека се НЕПИСМЕНИ И НЕИНФОРМИРАНИ ГЛУПАЦИ И ГЛУПАЧКИ , кои имале можност да се едуцираат а не го сториле тоа!! Од мрза, од простотилук,од малодушност.
Ме нервираат дволични луѓе, што пред тебе зборуваат најдобро за тебе, нема никој подобар од тебе а позади твој грб зборуваат најлошо...И најтрагично е што зборуваат каде што знаат дека ќе биде пренесено... Свашта
Љубопитните до болка и тоа од единствена причина да имаат потоа што да раскажуваат. Оние кои живееат од тоа дека се нечии жртви и секогаш тие се обесправените. Луге кои еднаш се предобри со тебе,а веќе утредента уживаат да те чепкаат онаму каде знаат дека најмногу те боли. Оние вечни наметнувачи на грижа на совест ако некогаш се ставиш себе си пред нив. Оние кои ќе ти заборават 1000001 услуга која си ја направил за нив, ако само еднаш кажеш дека нешто не можеш да им завршиш. Сите оние кои кои во еден муабет 10 пати си го менуват ставот, само ако некој друг после нив не се согласи со она претходното кое тие го кажале. Абе многу излегоа а?
Ме нервираат луѓе што мислат дека знаат се и дека се најдобри во се. Ме нервираат луѓе кои се дволични и користољубиви. Луѓе кои не се грижат многу за работата, а се платени за тоа. Луѓе што трескаат секакви глупости а велат дека се искрени,а не дволични.Од нив ми се провраќа
ме нервират променливи луѓе во однос на расположението час се добри срекни фини и многу мили суштества за по изсвесен период односно кога не им требаш повеќе демек паднале во депресија сакат да одморат од се досадно им е скиснати се е тоа е завршила твојата функција кај нив те искористиле и повеке не си интересен се додека не им притребаш за некоја нивна потреба и се така се врти кругот се додека не ставиш крај на таа нивна игра.
Ме нервираат;искомплексирани летат во облаци...луѓе што се фалат,луѓе што ке ти направат некоја мала услуга а си даваат важност како да ти завршиле некоја голема работа,радознали,љубоморни,луѓе кој се нахални нападни,агресивни со своето понесување а тоа им е од нивниот проститулук. Ме нервираат луѓето кој сакаат да направат шала со двосмислени муабети.
Расипници- поточно оние кои се гордеат со тоа што се расипници. На нерви ми одат кога се фалат каде стигнат за своите пари, облека, приватни факултети, коли, јавно се фураат на фб за тоа колку пари потрошиле и каде... Не го сфаќам тоа лично, но сум многу емотивна и кога ќе помислам како некој, што не може да си дозволи ни четвртина од тоа, го гледа... Ептен се натажувам и ми е одвратно!
Ме нервираат луѓе кои не знаат да се контролираат и збеснуваат за ситници, агресивци, лигуши, со одвратни емотивни испади. Сакам да повикам ветеринарна служба, да ги вакцинираат против беснило.
Ме нервираат луѓе кои се лицемерни, љубоморни, арогантни, некои кои мислат дека знаат се, имаат видено се и се најдобри, користољубиви, радознали.