Ме нервираат песимисти, луѓе без свој стил и луѓе кои очекуваат да им ги читаш мислите! И ко за несреќа баш во последно време со вакви и сум опкружена
Најмнооогу ме нервираат луѓе што едно зборат,друго прават!! Неодлучни.. само зборат,бла бла бла а ништо не превземаат
ограничени,искомплексирани луѓе кои немаат јасна визија и што сакаат од животот-едноставно не знаат што со себе,незадоволни,песимисти.......
Значи ме нервираат најмногу ДВОЛИЧНИ ! Пред тебе ти се прават светци и мислиш дека можеш да им довериш тајна, а зад грб те издаваат -.-
Денес прости, ама сериозно, возрасни личности зрели да не знаат да сврзат две реченици, а и оние што не оставаат место друг да ги пофали, па се утепуваат сами фалејќи се. Е аман заман, добро најубави сте, најпаметни, најсреќни, најзаљубени, нај бе нај, а сега олабави!
Ме нервираат некои "Болно љубоморни" Имам една како другарка демек, и јас ако сум во нешто подовра она плаче, како мала Или пак нешто мора да ми расипе. Ама не и се замарам, нема живот па се меша во мојот
Ме нервиаат оние што се прават којзнае кои се а всушност никој и ништо не се ! Инаку ме нервираат и оние дволичните
Мене дефинитивно ме вадат од такт луѓе коишто се дволични,озборуваат и се мешаат во туѓите животи,а својот сеуште не си го средиле како што треба!Не разбирам зошто се мешаат во туѓите животи,мислам дали туѓиот живот е поинтересен од нивниот,кој веќе го уништиле,па сега бараат жртва на која ќе ѝ го уништат.
Во последно време ме нервираат неписмени луѓе. Луѓе што прават правописни грешки. Што пишуваат Ф наместо В, е од таквите ми се крева косата.
Ме нервираат завидливи луѓе, кои дури и покажуват колку се љубоморни на нечиј успех, ме нервираат оние кои постојано имаат забелешка за нешто, а притоа не се трудат да придонесат за тоа. Исто и со фејсбукот се повеќе некои луѓе го користат за лична сатисфакција, значи не сфаќам што корист би имал некој од молење за лајкови, или ајде сега ќе направам јас дома крофни и оооп одма на фејсбук да видат сите колку се убави, колку сум јас способна, вредна...или евентуално ќе ја наместам масата само за да ја сликам...итн итн
Најмногу ме нервираат сезнајковци, луѓе што мислат дека се знаат и луѓе што секогаш мора да се во право. Исто намќори луѓе овие не знам ни како да ги опишам ептен одбивни ми се.
Ме нервираат глупави луѓе што упорно во очи ме убедуваат дека црното е бело и ме прават мене глупа . Ужасно ме нервираат возрасни луѓе што се прават дека се знаат и дека се попаметни.Со години стекнале само искуство- не интелигенција .На крајот на краиштата, првиот човек на планетава не измислил струја, интернет, телефони,компјутери, не изградил зграда, и ред други работи.Значи годините не играат голема улога, тој што го бивало од мал ќе си остане таков и кога ќе порасне, а тој што не го бивало нема ни да го бива. Ама оди разбери се со вакви луѓе.. можеме само да се нервираме и на крај ние криви ќе испаднеме.