Глупи луѓе!!! На прво место ми се! Едноставно не ги можам. Следни на листата се паничарите(во негативна смисла) и луѓе кои 100 години унапред тврдат дека нешто ќе се случи, вечити драматрузи . Луѓе што стално кукаат за нешто, луѓе кои не се способни ни името без врски да си го напишат. За крај ги оставив оние кои стално ги интересира она туѓото, кој со кого се оставил, кој кого изневерил, кој колку пари има, во колку саат излегол, во колку се вратил итн итн.. Ах да ги заборавив и луѓето кои постојано нешто лажат
Луѓе што постојано каснат. Се ежам кога ќе се договорам со некоја личност во одредено време ,а да ја чекам пола саат.Неодговорноста ме иритира .Се разбира може секому да му се случи ,ама постојано да се касне не можам воопшто да толерирам.За мене тоа е знак на непочит .
Луѓе кои откако дознале слаба точка кај поединец, постојано притискаат на тоа место до точка на пукање. Тоа е зло. Не сакам злобни луѓе, по се изгледа..
- Дволични - Егоисти - Луѓе што секаде шират негативна енергија - Луѓе што постојано се жалат за нешто ....
Несериозни и зелени луѓе ме вадат од кожа. Неодговорност е особина што исто не ја поднесувам и луѓе што се неуспешен обид на доктор Хаус, користејќи ги неговите фрази без разлика дали се совпаѓаат во муабетот или не.
Спори, вообразени, дволични, што не внимаваат што зборуваат, арогантни, гзо-лижачи, напорни, оние кои си го пикаат носето секаде и знаат повеќе за нашите животи отколку ние самите.
Луѓе кои се заљубени во самите себе. И, само тие се врвот, најсовршеното, најперфектното. Ма, немој молим те?!
неорганизирани, хаотични во секојдневните обврски... неодговорни, пр. сега ме изнервира една “пријателка“ - јас и подарив подарок за роденден и отидов дома и на роденден....а таа за мојот родеден подарокот го сподели со друга другарка и ми го дадоа (а знам дека вторава пријателка кој не ми е блиска има учествувано во подарокот од срам) ептен ме изнервира постапката и нејзиното пријателство