Најмногу од се ме нервираат бубалици. Повеќе од добро е да се учи и да се знае, ама мислам на друго. Тие немаат свој живот, мислат само на школо... Живеат да ги следат правилата и чекаат некој друг да им каже што треба да прават...
Дволични , неодговорни и "проѕирни" луѓе...... Се ежам кога се обидуваат да те потценат без око да им трепне дали се подобри од тебе или не, разочарувачки ....
Мене ме нервираат најмногу луѓето кои ти се прават другарки и на крај излегува дека се само дволични кучки. Исто така ме нервираат личности кои што сакаат да бидат над сите, сакаат да манипулиураат со другите личности.
Лажговци! Оние кои глумат нешто што реално не се. Оние кои мислат дека имаат јак хумор, а всушност истиот им се состои само од омаловажување на други. Прости луѓе. Луѓе кои мислат дека сите нив ги сакаат. Луѓе кои се прават за да им ги украдат партнерите на другите. Е овие се според мене најголема гнаса. Не се задоволни од сопствената врска па се мешаат во другите. Само они не се свесни дека со тоа понашање никогаш нема да имаат тие самите пристојна врска, полна со љубов.