Лигави луѓе дефинитивно да можам сите лигли и лигловци ќе ги истребам од планетата ..Луѓе што лажат,лицемерни,луѓе што се хранат со туѓата несреќа....
Мене најмногу ме нервираат прости луѓе, луѓе кои неискрено ласкаат се фалат и прчат, луѓе кои поставуваат лични прашања.
Луѓе кои себеси си се перцепираат од висина, луѓе кај кои дома им тече „мед и млеко“ ...барем така ги кажуваат работите; Луѓе кои „немаат никаков физички недостаток“....а другите, се разбира, имаат физики недостатоци во ИЗОБИЛИЕ...и ако има се каже дека не е се така розево на нивното тело...ќе бидеш нападнат, а од друга страна мораш да трпиш коментари и навреди за сопственото тело; Е тоа се неискрени (пред се не со самите себеси), себични, љубоморни, завидливи ... луѓееееееее
Луѓе со две лица, кои пред тебе зборуваат вака а позади тебе не не така, лицемери, луѓе што не можат да си го одржат дадениот збор,луѓе што немаат поим што значи тоа да имаш свое јас, луѓе што немаат основна култура, луѓе што постојано мрчат за нешто и критикуваат некого, и за крај луѓе што незнаат да подаруваат насмевка
Такви кои секогаш се жалат како не им стигнуваат пари, ги стегаат истите и се раскусуруваат за пола денар; а истите купуваат нешто ново бар еднаш неделно, најчесто тоа се нови штикли, одат на одмор еднаш со родителите, еднаш со дечкото, и шетаат со ланче од сто евра на себе. Е да бе, немаш пари!
Луѓе што се пуни себе. Као јас, јас, јас и само друг. Другите кај сте не ве гледам, си имате и вие свои желби и потреби, а? Епа извинете само ЈАС сум битен. Со самото тоа одат и некои други нечовечки би рекла, карактеристики. Арогантност, омраза, непочитување и понижување на други луѓе. Е такви луѓе најмногу ме нервираат. А ги има со лопата да ги ринеш.. Живот.
Луѓе кои мислат дека се некој и нешто а се уствари никој и ништо, луѓе кои не го одржуваат дадениот збор и дволични луѓе
1. Самобендисани луѓе 2. Луѓе кои ветуваат, а не отстваруваат 3. Луѓе кои лажат и ја искористуваат добрината на другите 4. Дволични луѓе 5. Користољубиви луѓе 6. Неписмени и прости луѓе кои си замислуваат дека се паметни и притоа пробуваат да те стават на нивно ниво 7. Луѓе кои провоцираат 8. Неискрени луѓе
1.Луѓе кои си ја креваат цената повеќе од што вредат. 2.Луѓе кои не си го одржуваат дадениот збор. 3.Луѓе кои те бараат само кога им требаш за нешто. 4.Луѓе кои се прават дека те сакаат,а пред други зборуваат се најлошо за тебе.
Лажговци,дволични,луѓе што се мешаат во туѓи животи,луѓе што се прават дека знаат се светци,самобендисани,себични,луѓе од корист ,фраеришта што глумат некои ,дигнати , лигави постајано се лижат шмизли..некој што не го исполнува ветеното -.-
Листата на негативни особини е долга, сите имаме по некои, но разликата е во она што некои се обидуваат да ги скријат, а "паметните" се гордеат со нив и ги истакнуваат како позитивна особина. Исто така ме нервираат и луѓе кои секогаш својата грешка ја бараат во другата страна и не знаат да се извинат.