Ме нервираат луѓе кои што се "пријатели и добри" со секого.А всушност се најпревртливите суштества. Факт е дека неможеш со секој да бидеш пријател!
Оние кои мислат дека знаат апсолутно сè, дека се најпаметни, најубави на мајка и татко и дека за сè ги бидува, дури и се дрзнуваат да си се самовозвишуваат (а најчесто нели, си замислуваат) како тие се најкомуникативните единки на светов и имат контакти со сите - сите ве саакаат, нема што. Накратко - самобендисани и нереални. Подалеку од нив.
Оние што се преценуваат и мислат дека се јаки фацки и дволични што сеа ти прават муабет а после ти јадат го*на позади грб
Ме нервираат дволични,лажливки,важни шо се праат , шмизли ,глупи , луѓе од кои не можеш рајат да прдниш шо се вика , досадни , е овие шо ги набројв ги има сите во мојо клас ... УФФФФ
Неискрени,љубоморни,злобни,луѓе без карактер,без свое јас,луѓе кои немаат цел во животот и кои се занимаваат со животот на другите,луѓе кои мислат дека се родени со некаква си диплома за памет,а всушност немаат п од памет. Ме нервираат оние кои потценуваат,кои имаат подлабок џеб и врз основа на тоа мислат дека сите останати се "обични смртници",не размислувајќи дека тие "смртници" се многу побогати од нив и вредат повеќе. За жал 90% денеска сите луѓе имаат дел од горенаведените карактеристики.Сите си гледаат за себе,а се прават дека се наши пријатели,додека зад грб се смеат на нашите проблеми,или пак тешко им е што сме среќни. Колку подобро и побрзо можеме да процениме еден човек,толку е подобро за нас.Луѓето кои незнаат да не ценат и почитуваат,едноставно не ни се потребни.
Ме нервираат луѓе кои се како дијамант маргарин-во се’ се мешаат, луѓе кои немаат свои животи-па се мешаат во други, луѓе кои постојано бараат причини за да се караат, луѓе гои оговараат, луѓе кои се дволични... имам подолга листа, само не можам да се сетам!
Лицемерни, егоистични, полни со себе, дволични, арогантни, нечувствителни, луѓе што се мешаат и таму кај што не им е место (за жал такви се повеќе и повеќе ги има на денешницава), неискрени, манипулатори....
Забележав некои имаа напишано дека ги нервираат оние кои се мн. директни... Ама сеа јас гледам по аск.фм ко ќе им пише некој грдо нешто, викаат директно кажи не ми се прај овде јак... па сеа што сакате вие? вака неможе, така неможе... Иначе мене ме нервираат оние кои си мислат дека се нешто нај, а всушност се никој и ништо, оние кои се фалат со лајкојте на фб, дволичните, и оние кои си мислат само на себе
Мене најмногу ме нервираат некои шо се превртливи,некои шо се дволични како од типот кај си срце душо моја балканска,а зад грб лелле шо ја мразам уффф!Исто така тука можат да се вбројат и пауните...го креваат то носето и то пусто носе високо си летаат со него ама ниско паѓаат има една поговорка така нешто...а да не ги заборавам и оние кои мислат дека знаат се,а всушност појма немаат-шо лажат де! ииии..прчли шо се праат кабадаја женска персона-шмизла ќе да е зборот А бре шо ќе си се нервирам за таквите? Душичка... на ниско ниво да паѓам за таквите?Нека си тераат таквите така мноооогу “ДАЛЕКУ“ ќе стигнат,можеби до Прднидобредојдонија*(е ова сега шо напишав е без везе ама ај)