Оние што од секоја ситуација гледаат да се извлечат глумејќи жртва, оние кои што секогаш ама баш секогаш знаат се повеќе повеќе од тебе за било која тема и нормално лицемери и да не ги заборавам мамини и татини мази иритираат!
Mене пак најмногу ме нервираат дволични,озборувачи,оние кои мислат дека сите ги сакаат и сите за нив зборуваат,оние кои секогаш доведуваат до кавга и себични
Луѓе кои мислат дека имаат право да си го пикаат носот во мои работи и процеси и ми даваат совети без да ги побарам.
Луѓе кои те тераат да излезете на кафе и ќе излезете и после тоа ги нема со месеци. Луѓе кои се дружат со тебе од корист(кога веќе ќе бидеш надвор од употреба не те рецкаат, си го живеат животот и те игнорираат. Спојлер Уф, абе се ќе направам едноставно да исчезнат овие видови животни всушност животни е премал збор за нив.
Прво ме нервираат луге кои се влезени во филм, сезнајковци, шо пикаат сол и пипер во секоја манџа. Луге што се убедени дека нивното мислење е она вистинското. Металци. Ех од овие нема ниту ке има спас некогаш.. Јас незнам шо филинг е тоа глаата да ја тресат и да се дерат,абе тие си имаат некои посебни сфаќања,живеат во свој филм што би рекол дм... А, и пубертетџии што си мислат се шо лета се јади(добро ова веке е фаза).
Ме нервираат: -Луѓе кои се и цинични и арогантни истовремено. -Глупи тинејџери секако (а најлоша комбинација е глуп и арогантен) коса ми се крева од вакви. -Користољубиви и себични. - Вулгарни и некултурни. - алергија да фати човек од вакви
Незрели тинејџери кои во секој разговор внесуваат некоја глупава смешка. Поточно тоа не е смешка, но тие сами мислат дека е смешка и мислат дека се интересни, а воопшто не се. Нарциси. Косата ми се крева од ваквите. Многу мразам кога некоја постојано кажува како таа најубава од сите и како таа секогаш за се е во право. Фалбаџии. Го разбирам тоа да имаш пари, да си го прошетал светот и да купуваш редовно гардероба од познатите брендови, но да се фалиш за таквите банални работи е тоа стварно не можам да го поднесам. Божем некого ги прашал за тоа, па кажуваат. Времето и мирисало на Париз
Мразам дволични луѓе. И луѓе што не пазат тоа што го зборуваат. Како една личност не би напишала овде која е. И помогнав се. И после таа кажа едни глупости пред мене, дека ги мрази баба ми и дедо ми. Кога го слушнав тоа се скаменив. Од тогаш неможам да престанам да ја мразам. Не ја поднесувам. Иако ја викам на кафе ама ја мразам. Знам дека тоа е дволично од моја страна. И што би и кажала дека мене ми смета тоа што таа го кажува за моите баба и дедо кога таа самата не сваќа.
Оние без никакви морални вредности, кои континуирано го пропагираат својот став како правилен. Хрк! - пљук!