1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви луѓе најмногу ве нервираат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sunshine555, 1 април 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Многу ме нервираат луѓе кои го менуваат расположението на секои 5 минути, потоа дволични, искомплексирани, такви кои постојано се фалат со тоа што го имаат. Оние што мислат дека знаат се исто така ми одат на нерви.
    Ама најмногу од се ме нервираат луѓе што незнаат да чуваат тајна или нешто што им е кажано во доверба и следниот ден за тоа знае цел град. :@
     
  2. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    159
    1. Луѓе без свое јас
    Е овој тип на луѓе ич не го сакам.Луѓе кои 73322754265 пати си го променуваат мислењето врз основа на ставот на некој друг.:^)

    2.Лицемери
    Додека се со еден озборуваат на друг, плукат на истиот тој и изразуваат чувство на омраза, а пред него се срцки.Па не ги можам ама ич. :envy:

    3.Паразити
    Луѓе кои се излежуваат по цели денови, земјата плаче под нив и чекаат некој друг да направи нешто за нив.Живеат од денес за утре, луѓе без амбиција и желба да направат нешто од себе. :x
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    негативно наелектризирани луѓе, луѓе кои постојано се жалат за нешто, лицемерни...
     
  4. mon4i91

    mon4i91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    101
    мене многу ме нервираат лицемерни луѓе, кои пред тебе зборуваат едно а штом ке направат чекор веднаш го менуваат мислињето...
    и мнооогу мразам флегматични луѓе :tmi:
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    1.Дволични
    2.Лицемери
    3.Лажговци
    4.Луѓе без свој живот
    5.Луѓе без свое јас
    6.Самобендисани
    7.Љубоморни
    8.Фалбаџии (а најчесто немаат со што да се пофалат)
    10.Прости (незнаат да читаат меѓу редови :!: )
    11.Татини и мамини дечиња (за ниедна работа во животот не се потрудиле и не ја заслужиле)
    12. Ко ќе се спојат повеќе од особиниве во една личност... ВРВ!!! :puke:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    -на сите им наогаат мана а не се погледнуваат себе на што личат
    -од љубомора гледат само да ти наштетат
    -луге што се наметнуваат ...
     
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Оние луѓе од кои на прв поглед сте им мили. Па си даваат за право да ве викаат срце, мила, душо.......аххх ми зрачат со лицемерие. Особено ако на ова додадат и вкочанета насмевка од 6 до 6, е тогаш ми иде да ги елиминирам по брза постапка.
    Како и да е не сакам да се наоѓам во друштво на такви луѓе, а кога ќе се најдам многу брзо се тргам :^)
    Не може тебе секој да ти е мил и драг. Можеби грешам, но имам впечаток дека таквите луѓе се лицемерни луѓе (ова од искуство). |(
     
    На hrcace и Wild.Child им се допаѓа ова.
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Личности без свое јас, љубоморни, разгалени, дволични, лицемерни, личности од корист, фалбаџики, зборат едно прават друго, се предомислуваат во 5 до 12.. :~: :punch: :smoke:
     
  9. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ,,Паметни‘‘, што не те оставаат да кажеш ниеден збор! Мора да се согласуваш со тоа што тие го велат! Тие се во право секогаш! Тој вид на музика што ти го слушаш, не чини, сра*е е! И стилот не ти чини, и тој треба да го смениш како што ќе ти кажат! Тие се светци! Се разбираат на секое поле од животот, музика, спорт, мода, политика, автомобили, се‘, се‘, а тоа е невозможно..до толку, има работи во кои што сме добри, и во кои што не сме, нели. Тие го просветлуваат секој можен човек со кој што стапуваат во контакт! :!: И да, тие водат МОНОЛОГ, не дијалог!
    Патолошки лажговци...
    Луѓе што наметнуваат нивни ставови на други..
    Разгалени..мада и јас сум помалку разгалена..ама не до степен, ќе биде по мое или нема ни да биде.
    ВаннаБиЦентер оф атеншн, Драма Квинс... :headbang:
    Јавни ,,песимисти‘‘...
    Луѓе без став...
    Г‘золижачи...уф, неизбежни се.
    Позери...
    Лицемерни, дволични...преферирам да знам што мислат за мене, па макар и да е негативно тоа, не да ме уверува дека сум мила, срце, сонце...Sure, човек не може за сите да чини.
    Тоа, долга листа. Среќа што ги нема многу во мојот живот, се наоѓаат, ама не впоставувам подолг контакт со нив од едно здраво. Како што реков, не може еден човек да биде за сите добар, а тоа не е исклучок ни за мене. :)
     
  10. Marence.D

    Marence.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Дволични, без карактер, т.е. без свое јас, кои не стојат позади тоа што го кажале или направиле, кои незнаат што е шега, и незнаат да ја прифатат, детинести, немаат никакво однесување...
     
  11. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    најмногу од сите ме нервираат дволични луѓе :envy: Имам многу такви околу мене.Еден месец се пријатели со тебе,оговараат други,а потоа ти го вртат грбот за да бидат пријатели баш со тие другите,за по некое време пак да се врата кај вас уффф не ги поднесувам.
    Втори на листата ми се користољубивите луѓе.Ти се јавуваат,се грижат за тебе само кога имаат некоја потреба,а откога ќе им ја завршиш работата магично испаруваат на одреден временски период :@
    Трети се оние паметните,кои секогаш знаат што,кога,како,зошто треба да се направи било која работа,и тие се секогаш во право,а додека тие се во право ти мораш мирно да слушаш :devil:
    Четврти се љубоморните,завидливите луѓе,прави штетници :devil: Ќе си пукнат од мака ако тебе ти тргне некоја работа и упорно со демек добронамерни совети сакат да ти наштетат.
    Петти се џаболебарите!!!Секогаш сакаат да бидат присутни сегде,немаат работа,ти го планираат твоето време,а згора на тоа се и тешки гагаџии,па неможат да си брцнат во џебовите бидејќи таму си имаат змија,за секој случај да не ги касне,нели :lol:
    Можеби и не беше вака редоследот ама сите овие горенаведени имаат заслужено место и простор во мојов пост ;)
     
  12. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Упикувачи (народно кажано Гзолижачи)

    Цми,цмиу,цигу,лигу оп ти се бутнал/а...

    ..под кожа мислев.. Не се ни знаеш со неа(ај во женски род ќе пишувам) одма срце, душо ма џигер више или што би рекла истегната жила од десно стопало.

    Ајде тоа, што се мази, нека се мази,не сум толку лоша, ќе и дадам пуста љубов неизмерна, ако сака ќе ја сакам како ланскиот снег ама остај тоа.. Сака да и бидам најдобра другарка. Сака да си се дружиме, за раче да се држиме, компипчиња да пржиме... :^)

    Бегај сестро, ќе тепам, со упиќувачка не се дружам :!:

    Поздрави, љубови, и сВе остало, желим ти све најбоље и после иди врши си ја работата, гзови да лижеш во овој час, сите те чекаат со раширен Газ :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Самобендисани, неодговори, луѓе кои не прифаќаат туѓо мислење, луѓе кои не ги исполнуваат ветувањата и луѓе кои не се однесуваат согласно со својата возраст :)
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    Оние што мислат дека ја владеат ситуацијата,а тоа се распаѓа,попукало на сите страни и се инаетат и не дозволуваат да им пристапиш и да им помогнеш ако можеш затоа што ако би била спротивна ситуацијата,знаат дека тие би ликувале,па не ти дозволуваат да се допараш до нив или било кој друг кој можеби знае.

    Ме нервираат оние кои мислат дека се добри во проценки,а брате,благе везе немаат,па уште кога тебе ќе те проценуваат,а тебе едно жал ти иде,едно ко потресен за нив ... и зошто сега јас да чувствувам жал кон човек што сам си е крив,а ти се убацува непрозван.Ама не,уверени се у нештото...ах уел..ситуацијата им е равенка со сто непознати,ама нивната претпоставка е сигурна.Као Сашко фактор икс ми се.Емотивната неисполнетост е страшна работа.

    Исто така у бедна категорија ми се тн проектанти.Пикираат жртва и болно ја пратат у стоп.И сега,постојано прават паралели,помеѓу нив и жртвата.Она кое што им се допаѓа кај жртвата си го наметнуваат на себе,го доживуваат ко своја карактеристика,а она кое не им се допаѓа кај себе,некој нивни неквалитет,го препишуваат на жртвата и по автоматизам им станува паралелно предмет за омраза и обожување,но ниедно не го признаваат.Ова е патолошка состојба,нека им е господ на помош на ваквите,а бога ми на личноста на која ќе им се закачат.Навистина не се едноставни,а паралелно ти мораш во дадени ситуации да се надминуваш себе си и да бидеш лоша личност заради нив.

    Кукачи и лицемери.Исто така и оние кои прераскажуваат приказни за аутфитот на луѓе,кои воопшто употребуваат непотребни детали во раскажувањата,до душа овие досадни ми се поише,него ли шо ме нервираат.И оние кои туѓиот успех го доживуваат ко личен пораз,а не се ни потрудиле за истото,ниту имаат веза,ама секогаш се у ситуација дека тие требале да бидат на нивно место и ги мразат тие што успеале повеќе од нив,што отишле на одмор на Карибите,купиле нова кола...ма ги мразат сите што можат да направат нешто или ете,едноставно се среќни.Имам една колешка,секое утро,дур се пие кафе,јас ја веднам главата и читам весник,ако е понеделник,има 24 часа здравје и спас ми е,евентуално среда,зошто не можам да издржам.И раскажува и раскажува,а овие па ја слушаат ли ја слушаат,еднаш ја пресеков...се увреди,почна да цимоли и ајт,пушти ја.

    Душебрижници...ко категорија не сакам ни да ги анализирам,а се злото лично и персонално,а башка што егото им е тука до Австралија,ма до некоја далечна ѕвезда во вселената.Они се фини,грижливи,емотивни, нив ги повредува сронувањето на латиците на црешовиот цвет (ахам...да),се тоа ко средство за манипулација,а можеби и како себепотврдување,еве јас сум добар човек,затоа што поинаку не е прифатливо од светот и светот ко ваков ќе ме прифати.Ако се деси некому нешто,некој фејл,чувствуваат задоволство,но се трудат да го блокираат,затоа што тоа така не смее,ама најчесто не успеваат до крај,па сепак,се расположуваат.Ау...вакви колку ги има...

    Луѓе кои неумеат да бидат директни и јасни и луѓе кои сакаат да тапшаат и да ги тапшаат нив,ама ме мрзи да ги анализирам,до душа нема ни зошто,ни како.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Баш исто и мене ме нервират ваков вид на луге, али знам да се справам со сите нив само остана уште една дволична личност а тоа е мајка ми е со неа незнам што како да постапам. :@
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Персони полни со себе и само себе....со искривена слика за тоа кои се и какви се.Не повикани ко бајат бибер да се умешаат во секоја манџа...Емотивни инвалиди, празни од внатре , полни до гуша само со своето его...Навидум многу силни и сигурни, а во суштина лабилни и слабаци.
    Не друштвени и вечни мрчатори...мислејќи дека се едни и единствени на светов (ама ништо од таа пуста желба Палчо да порасне)
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ме нервираат луѓе што им фали секс и ради тоа се понашаат ко хистерични. И луѓе што незнаат што со самите себе.
     
  18. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Лицемерни
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Празни трошачи на време, дал моето или на некој во мое присуство... широка категорија е тоа, но пак, во тесни размери, строго контролирани услови, на конкретна температура кога е... е тогаш во мене се распламтува таа нервоза, иначе, брига ме. Не ми стапињај на жуљ и ок сме.
     
  20. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Ме нервираат самобендисани луѓе и луѓе кои што мислат дека знаат се а другите околу нив појма немаат од ништо, ете такви луѓе ми одат на нерви!