rasisti, dvolichni, idioti, skotovi, oloshi, onie koi mislat deka se okolu niv se vrti, gzolizhaci....tolku mnogu prokleti gi ima
Страшно ме нервираат дволични, арогантни, премногу самобендисани луѓе, мислат дека се центар на внимание, дека се се врти околу нив. Има и такви луѓе што си земаат дозвола се да ти плеснат влице, да ти е ќеф да им ја пукнеш фацата. Ми се има случувано со една моја бивша другарка да се закараме за нешто и тогаш да ми плесне во лице и да ме исмева за нешто што сум и кажала кога ми било најтешко и кога као демек ме „тешела“ за истото. Ме нервираат премногу, од такт ме вадат радознали луѓе. Ме препрашува за нешто што воопшто не ја засега. Дај те молам откачи се, ако сакав јас да знаеш ќе ти кажев. Толку.
Лизни-мазни луѓе. Знаете за кои зборувам, оние што со сите се во добри односи, за никој немаат лошо мислење, кај никој ништо не им смета и се многу open-minded а сите позади грб што не ќе ти зборат, сигурно и дневник за трачеви си имаат. Не поднесувам луѓе кои не го кажуваат тоа што го мислат. Многу повеке би ценела да дојде и да ми каже некој се што мисли за мене, него да ми прави лице
Ме нерираат луѓе на кои си им кажал една работа и после ти викаат кажи уште еднаши добро ќе биде да кажеш уште еднаш ти викаат и пак и пак да им кажеш , добро бе кај ти е главата слушај и запамти
Луѓе кои другите ги проценуваат по облеката, по потеклото, а самите не се свесни кои се и какви се. Оние кои викаат „види ја носи отворени сандали, а врне“, без да застанат и да ја прашаат дали можеби е девојката на работа веќе 16 часа и дека не врнело кога излегла. Таа преморена, оваа полна во душата за уште една глупача. Луѓе кои викаат „простите провиннцијалци“ а мајка им е од село близу беровско или струмичко. Луѓе кои име гордост што последна книга им е Зоки Поки, луѓе кои трошат пари на алишта и шминка, а ниту денар на знаење, луѓе кои се незадоволни оти имале ајфон, ама не бил петка, луѓе што живеат на туѓ грб (читај свекрва, мајка) а имаат 30плус години, луѓе кои се неписмени, а практикуваат секс (читај - како ке прочитаат упатство за употреба на кондом кога не знаат), луѓе кои завршиле средно со сите петки, а не знаат што е запирка и голема буква(читај мама и тато завршиле, они не). Луѓе што си ги тепаат жените и жени што дозволуваат децата даго гледаат тоа, за потоа синовите да мислат дека така треба, а керките да трпат, оти така треба, кога нивните мажи ке ги тепаат. Луѓе кои се дипломирани информатичари, а од компјутер к не знаат. Доктори кои мислат дека знаењето е во гените, оти татко им бил доктор, а не во книгите. Пациенти кои мислат дека се доктори, возачи кои мислат дека се сообракајни инженери, луѓе што мислат дека се градежни инженери оти еднаш виделе како се гради куќа. Леле па мене многу луѓе ме нервираат. Да си дрмнам ракија уште од сабајле, а?
Cka епптен ме изнасмеа . Тебе сигурно за да го издржиш секојдневието ти треба по еден лексилиум. Мене во последно време не ме нервира ништо друго освен децата во комшилукот и нивните родители. Т.е. родители на кои им кажуваш дека детето вели „да ми каснеш од газот“ и го вади курето на сред улица, а тие ти велат „ех, деца, виделе и слушнале нешто некаде.“ И утреден пак истото.
Луѓе без карактер, умислени сељаци и сељанки.. и некои кои вредат ко половни ствари а се дигаат до небо и мислат дека се којзнае кој ! Ете тие ме нервираат..
1. Ни на живо се радуваат,ни на мртво плачат (а ни обратно,па макар и свекрвата да отишла!) мртва природа си ги викам,луѓе без емоции 2. Немаат никаква длабочина во себе,копираат lame фб статуси за љубовта дрн дрн јариња,а не го ни сфаќаат тоа што го пишуваат. Најчесто и се пуштаат на секоја личност која што ќе ја видат,без разлика дали е машко,женско или помфрит. 3. Цело време се рчкаат,ништо не им чини,принцезата на зрно грашок не им е рамна. 4. Неутрални. Немаат свое мислење,немаат свој стил,немаат омилени нешта,едноставно немаат дефиниција,и не можеш да имаш мислење или впечаток за нив. Подобро лошо мислење да имам за некого,отколку никакво. 5. Гзолижачи и лиглиња. Ми иде да им купам дубаче.
Луѓе што мислат дека се најдобри во се' Дигнати со носот до небо,лицемерни луѓе,љубоморни Едноставно таквите не можам органски да ги сварам
Самобендисани луѓе најмногу ме нервираат, односно оние што си се фалат самите себе си, најубави се, знаат се и никој не може подобро да знае од нив и во се се разбираат. Народната: „Фалиме усто, оти ќе те раскинам.“ На второ место се оние кои постојано озборуваат со кого што ќе стигнат, а притоа не се гледаат тие кој се, што се и какви се. И на трето љубоморните и зависните, оние кои љубоморат на туѓиот успех наместо да се трудат и тие да постигнат нешто во нивниот мизерен живот.