Неодговорни, глупави, прости, трапави, adrenaline junkies (живеј го секој ден како да ти е последен ), луѓе без емпатија, без осет, луѓе што само земаат, а ништо не даваат во животот, луѓе што цедат енергија, време и пари само кога им требаш, користољубиви и манипулативни социопати, луѓе што играат на емоционална карта и на сожалување, повеќегодишни џаболебари и бадијалџии! Спојлер Можеби ви делувам многу опасен, но секакви луѓе има на овој свет! Едноставно знам што сакам и со какви сакам да се дружам, а со какви не! Не дозволувам никој да ми го троши времето! И претпоставувате тешко ми е да најдам саглам луѓе, одговорот е yeah така е. Тоа е што е, не се жалам и не патам по големи друштва по секоја цена. Површинско дружење не е проблем, горе што набројав се однесува за луѓе со секојдневен контакт. Денешново дружење е 95% од корист, било материјална, било од други причини како на пр. фаќање врски со моќни фигури за “прескокнување“ на редот и брз напредок во кариерата.
Напорни сезнајковци со кои кога разговараш не ти даваат да дојдеш до збор и постојано те прекинуваат на сред реченица
Неодговорни, невоспитани, лицемерни и умилкувачи на оние луѓе кои можат да им задоволат некоја нивна потреба или т.н. га*олижачи, лажни и љубоморни на туѓата среќа и завидливи, користољубиви и врвни манипулатори, луѓе кои ги исмејуваат туѓите недостатоци за да ги прикријат своите, истото важи и за оние кои навредуваат и како што кажа членот погоре, луѓе кои си играат со чувствата на другите. Инаку @NightBreaker се сложувам со она што ти е напишано во спојлер. Ист сум и јас.
Впрочем затоа и си Mr.Right ... ги сакаш/мразиш оние работи што се right и што не се right (а не се left), туку wrong. Браво браво ме радува што има саглам луѓе.
Луѓе што се карактерно слаби и неодлучни, лицемерни, исфрустрирани, искомплексирани, неиживеани, препотентни, луѓе што немаат никаков осет и луѓе кои се разгалени и самобендисани.
оговарачи,самобендисани и луѓе што некогаш кога треба на поблаг начин да кажат нешто тие го кажуваат на тој начин во лице да имаш трауми цел живот (мислам дека не чини така сепак треба да помислиш како би ти било и тебе ти да си на тоа место) ама јас мислам дека има карма и таа постоти така да нека прорабооти и нека биде кучка за таквите луѓе....
Оговарачи,Мамини и татини принцези,Оние шо се прает многу дека се главни,оние шо се ко да им е смачено да живеат
Ме нервираат дволични луѓе, луѓе што немаат свое јас, искомплексирани, луѓе што си мислат само на себе, луѓе без никаква цел во животот, луѓе што те бараат само кога им треба нешто - користољубиви, манипулатори и луѓе што незнаат да ценат и што многу брзо забораваат на луѓето кои им направиле добри дела и биле покрај нив кога најмногу им требале...
најмногу ме нервираат луѓе кои се прават леле кој се а во стварност се никој и ништо, од самото тоа што ги гледам се нервирам исто така ме нервираат и луѓе кои лажат, а да ен ги ни спомнувам оние кои се ситат на туѓа несреќа
Ме нервираат луѓе кои постојано се жалат за се и сешто а всушност немаат никакви реални проблеми во животот.