Луѓе кои сеат негативна енергија, нон-стоп мрчат, се нешто не им е погодено, како тоа никој не ги сфаќа, се лошо нив им се дешава. Луѓе кои ти ја пијат твојата позитивна енергија или со еден збор - ВАМПИРИ.
Луѓе што многу зборат и зборат 200 на сат ! Епа не можам, не можам ! А уште муабетот им е некој без врска цело време тоа па тоа вртат. Мајка ми, ќе и се јавиш ти го раскажува цел ден до детали што и како правела и дури и што ќе прави, и ти 4 мин.на телефон само ја слушаш, ако и успееш нешто да разбереш зашто збори ко навиена. Луѓе што се наметнуваат и не сфаќаат кога се досадни и непожелни. Оние што филозофираат ќе ги спомнев, па се сетив дека и јас сакам да филозофирам, ама се според контекстот и друштвото нели ? Не секогаш. Особено кога сум пивната малце, боже тогаш се јавува филозофот у мене. Досадни, наметливи воглавно, такви луѓе не поднесувам .
Се се...ако и нека оговараат (г*зо ме боле шо ќе кажали,пред некое време им се нервирав , а сега ги оставив глава нека кршат)ама кога некој е дволичен(моја другарка ми збори каква била другата другарка,послето ми кажува таа втората спомната другарката дека јас сум зборила така и така (исто како шо кажала оваа првата ) )....или фалбаџии е тука живците ми ѓи кинат(јас направив така,јас она ,јас оваа...чекај малку јас нели го можам тоа...ц.ц.ц.ц за жалење)...или некои кога почнат да филозофират .... најубаво седнеш си со некој муабет си направеш имаш си заеднички теми-убавини
Најмногу ме нервираат ДВОЛИЧНИ !!!!!!!!!!!!!.... Многу ретко верувам на луѓево околу мене.. Фала му на Бог, ми подарил другарка на која секогаш можам да се потпрам, и фала му на Бог го немам оној проблем ( другарка ми ме оговара зад грб).. Извинете вака ама тоа не е другарка!.. Јас со мојата другарка т.е би ја нарекла сестра, со неа спијам, јадам, го делам последното залче, последната голтка од сок или вода, со неа немам тајни.. И користаџм прилика да кажам дека ПРЕМНОГУ ЈА САКАМ
Лажговци. Особено кога лагите им се фалбаџиски. Еее.. имам ова, имам она - а знам дека немаш ни приближно нешто од тоа. Замаранти. Ќе те сретне некаде и ќе те испраша за буквално се, вклучувајќи непријатни прашања (од типот колку ти е плата, до прашања за интимноста). Искористувачи. Пријатели кои се тука за тебе само кога им требаш. А најлоши се оние кои се 3 во 1. Спој од се горенаведено. А познавам неколку такви. Поточно 2ца... И се кријам од нив
Ме нервираат луге кои упорно се трудат да го наметнат своето мислење, луѓе кои имаа смисла само за црн хумор, луѓе полни со сарказам,иронија, потсмев , кои сакаат да прават шала само на туѓа сметка, луѓе кои кога ќе купат нешто или одат негде-морада кажат колку тоа чинело, колку пари потрошиле....
Најмногу ме нервираат дволични луѓе, оние кои пред тебе зборат едно а позади грб друго. Исто така ме нервираат луѓе кога едно 10 пати ќе те изгледаат од пети до глава и ќе прават некои фаци. Луѓе кои мислат дека знаат се и они се најпаметни а сите други се глупави. Луѓе кои не се гледаат самите какви се а зборат за другите се најлошо......
Ме нервираат од оние кои имаат неизлечени комплекси од минатото и пробуваат да го скријат сето тоа со некое неровзоно прокелто смеење и шегување со се и сешто! Со мааните на другите, со сиромаштијата... Ме нервираат оние кои немаат свој став кои едвај чекаат некој да каже нешто интересно па веднаш да го кажат истото во друга прилика... Ме нервираат дволични луѓе кои пред тебе тие се како голема подршка,а пред другите зборуваат лошо за тебе... Ме нервираат лажговци, снобови и некои кои постојано се трудат да го наметнат своето мислење. И секогаш кога ќе им се спротиставиш се однесувата како: „Ама не, јас не можам да молчам.“ На таквите ми ида да им ја залепам една и бај-бај!
Ме нервираат луѓе кои од нос подалеку не гледаат ,а ваму се обидуваат да држат „предавања“. Егоисти,саможивници,самобендисани. Ме нервираат луѓето кои мислат дека друштвото се собрало „поради нив,нив да ги слушаат“,па само зборуваат,зборуваат и никој друг неможе уста да отвори од нив. Се си знаат тие и не им треба туѓо мислење,а кога јајцето ќе им дојде на дупе -е тогаш олеле. Претерано фалење-о Боже, по сто пати на ден ќе се пофали што купила.Мааајкооо. Ме нервираат полтрони кои ми се улизуваат,а потоа веднаш трчаат да го продадат тоа што го купиле од мене,ама ги научив веќе тие нивни гадости ,па почнав да им давам погрешни инфор.кои тие безуспешно ги пласираат Ме нервираат дволичните луѓе кои кога се со тебе се уф,уф фини,милозвучни,ти го л.... г.... ,а во присуство на друг само молчат како гревчиња. И најмногу од сите ме нервираат оние „швалерите“ и „швалерките“ абе ми се гади од нив кога ќе ги сретнам со брачните другари како одат стиснати ,чиниш вода неможе да пие без мажот/жената.
Најмногу ме нервираат луѓе кои се дволични, од корист и кои ти се лигават, а потоа идат и наксекаде те оговараат. Нешто како лажни пријатели. Ме нервираат луѓе без свој став. Арогатни, вообразени и уфилмани. Љубоморни луѓе. Луѓе кои исмејуваат, навредуваат и не се гледаат себеси какви се, па коментираат за останатите.
Тие што и да не се прашуваат, мора да критикуваат. Тие што мораат да го имаат последниот збор. Дволични. Мрзливи. Депресивни. Кои мора да бидаат на центар на внимание. Тие што прегласно зборуваат и се смеат. Превртувачите на зборови.
Луѓе-потсмевачи што едвај чекаат прилика да те подбуцнат намерно и да те испровоцираат и тоа СО НАМЕРА!И тие кои се потсмеваат на туѓи грешки и проблеми... АРОГАНТИ ЛУЃЕ-неподносливи ми се. Луѓе што лажат,превртуваат зборови и дволични особи. Себични луѓе,и ненаситни луѓе. Луѓе кои што за себе сметаат дека се безгрешни,и кои на туѓите грешки даваат критики и осудуваат. И ЗА КРАЈ-Н А П А Д Н И ЛУЃЕ---уффф,ги лечат своите комплекси врз другите луѓе.
ДВОЛИЧНИ - луѓе со две лица, а уствари, ниту едно вредно да го погледнеш! Ова ти се створенца, невредни за устата да си ја валкаш со нивните именца.... Се прават фини, а уствари се скотчиња, безвредни ништожни напасти!!! Имаат многу карактери, и пред секој човек по неколку ставови за нештата.. Има искусни и неискусни дволични скотчиња! Чувајте се и од двете подкатегории!! Е сега кога сме кај овој муабет, доаѓаат и ГА*ОЛИЖАЧИТЕ!!! - љубители на широкотворени изметни дупки! Овие луѓе се од иста фамилија со првите, слични гени имаат, само што се малку подобри, затоа што не го прават ова од забава, туку за да успеат.... Па дури и по цена да замижат очи и фино, културно, елегантно и длабински да ти го излижат чма*от!!!!
Ме нервираат луѓе што се себични и однапред прерачунати,такви кои имаат план цело време како да извлечат корист на крајот од било која ситуација. Ме нервираат лицемерни луѓе,ти зборуваат со насмевка на лицето а од зборовите сарказам и иронија- мразам! Фалбаџии- немаат што друго да кажат или едноставно не можат да се вмешаат во било кој муабет од пуста неизживеаност и цело време само јас овака јас онака, а нема врска со темата битно да не има И на крај, мразам ограничени луѓе кои живеат строго по стереотипи