- Досадни, без осет за сопствена гордост. Им даваш до знаење дека не си заинтересирана за контакт со нив, тие упорно продолжуваат да ти се наметнуваат. Ти ги плукаш, тие мислат врне - Просечни кои самите си ја пумпаат цената, неосновано. - Такви кои се неспособни да „влезат во туѓа кожа“, да ги согледаат сите страни на приказната, да сфатат дека се е релативно. - Лажговци! Јас потполно разбирам некој да лаже за да си ја заштити приватноста, ама презирам луѓе кои лажат за да наметнат вина на некој друг. Обожавам кога ги демаскирам таквите. - Некултурно гласни...
Луѓе кои ги омаловажуваат и понижуваат другите за сами себе да се издигнат. Луѓе кои мислат за себе дека се најпаметни и дека тие сѐ знаат, а другите ништо. Егоистични кои мислат само на себе и не им е гајле ако повредат друг. Луѓе кои не внимаваат што зборуваат и само трескат глупости. Луѓе кои кога се во друштво сакаат да се центар на вниманието, кои се најгласни и само нивниот глас се слуша, не оставаат некој друг да каже нешто и постојано ги прекинуваат другите кога зборуваат. Возрасни луѓе кои се однесуваат како деца и сакаат сѐ да биде по нивно, сакаат сите да им одат по гз и да наредуваат.
Такви кои чекорат пред мене на пешачки и чекорат бавно, па дали сте вие нормални, ќе се вклучи црвено и ќе погинам поради вас Такви кои влегуваат со детска количка во маркет, продавница, бутик Такви кои влегуваат по неколку души во маркет, продавница, бутик и прават гужва. Озбилно значи, во бутик можете да се вадите дека разгледувате по двајца тројца (не и 5+ души!), ама во продавница/маркет може и еден да влезе да купи тоа што треба, така? Такви кои не почитуваат ред на каса, на шалтер...
- Сезнајковци - Луѓе што се претставуваат во поинакво светло ( многу поубаво за разлика од она што се ) - Песимисти - Луѓе што потценуваат други - Луѓе што се фалат и жалат ( поготово овие вториве) - Луѓе што само тие сакаат да бидат во центарот на вниманието - Озборувач/ки - Луѓе што не знаат да се однесуваат согласно со годините
Ме нервираат луѓе кои се: - Фалбаџии - Егоисти - Некултурни - Преценети - Прости - Луѓе кои лажат - Луѓе кои ветуваат а не исполнуваат - Луѓе кои потценуваат - Луѓе кои мислат само на себе - Луѓе што не знаат да комуницираат и што не знаат да се изразат - Луѓе кои се наметливи
Никакви луѓе не ме нервираат бидејќи воопшто не им обрнувам внимание и сум фокусирана само на себе и на своите желби и потреби. Секогаш велам : нивен карактер = нивен проблем Но ако некој сериозно се вмеша во моите планови ...
Ме нервираат луѓето како еден поранешен „пријател“. Озборува како девојче, го интересираат нешта за девојчиња, зборува за мода, оговара познати личности и се опседнува како изгледаат манекенките и пеачките. Мислам дека е геј но тоа не е ништо лошо но не ми се допаѓа начинот како се однесува и љубомори на другите девојчиња .
Личности кои не умеат да погледнат подалеку од својот сопствен нос и се прецврсто убедени во својот став, кои не умеат да погледнат и низ туѓи очи.
скоро секакви СИТЕ последнава година.Мн искачав од дома и бев меѓу мн луѓе за жал и мн сум напунета со нег .енергија како последица од тоа мешање со мн луѓе
Арогантни луѓе кои се прават дека се знаат, луѓе кои сакаат да се центар пажња, некултурни луѓе кои си го пикаат носот секаде и се ги интересира и исто така луѓе што лажат.
Луѓе што манипулираат толку добро така што на крај ќе се почувствуваш виновен на нивна грешка. Во некоја ситуација можам и да се пронајдам во нив, за жал. А можеби и не?
Ме нервираат луѓе кои цело време истите муабети ти ги праат, као на пример кога ќе ми ги вратиш парите? и слични глупости.