Такви кои се надмени на своите работни места, а земаат плата за услужна дејност. А бе има да веднеш глава и со милост да се обраќаш кога некој дошол да го наполни џебот на твоите газди и тебе лично, ама пусти комплекси на нижа вредност што ти прават.
Неконстантни. Оние што секогаш „Немаат време“ или се „зафатени“ а се онлајн на фб или било каде... Ако имаш работа, кој К си вклучен/а на интернет и достапен/достапна за луѓето? Помизерно - здравје!
Сезнајковци,нападни,некултурни без она основното,на пример,да не прекинуваш некого додека зборува. Се ежам од некултура.
Многу ме нервираат пред се дволични луѓе исто така ме нервираат и фалбаџии ,луѓе што се упикаваат но најмногу од се ме нервираат луѓе што сакаат да бидат во центар на внимание .
Луѓе со лоша (тапа) смисла за хумор. Беда. Напорно е да се насмевнуваш од култура + не сакам ни да лажам, а после сум јас лошата. Нека не се трудат воопшто...
Партиски определени, такви кои имаат верба во партии, агитираат за партии... и слични отпадоци во општеството.