1. Арогантни 2.Нарциси 3.Пластични 4.Нак*рчени 5.Фалбаџии 6.Оние кои не ти дозволуваат да дојдеш до збор, мислат дека само тие се во право 7.На сила што се смеат 8.Манипулатори 9.Бесрамници/префлуваат вина на друг 10.Лицемери, дволични
Оние што те бараат само кога им треба нешто, иначе никаде ги нема. Луѓе што се умилкуваат за да им помогнеш/дадеш нешто подобро побарај ми одма без умилкување, поголеми се шансите да помогнам така . Фалбаџии "Сезнајковци"
Ако сите сме составени од сите можни човечки особини и карактери до извесен степен тогаш, по таа логика, прво се прашувам дали јас сум тој што некого нервира, и дали тој што мене ме нервира значи дека јас сум ист таков до извесен степен, зошто ако не ме нервира сум сосема рамнодушен кон нервозата што тој човек ми ја предизвикува, било да е постапка или негова особина. Ако веќе ме нервира тогаш гледам како да ја сменам таа особина кај себеси, да го сменам тоа како тој да ми влијае или да ја избегнам ситуацијата во која тој ми прави нервоза, зошто него секако не можам да го сменам. Ама некогаш е за***но тешко!
1. Луѓе што мора да се центар на внимание, а воопшто не се интересни 2. Површни луѓе 3. Песимисти, зрачат негативна енергија 4. Гласно зборење и смеење колку да приметат другите дека постојат 5. Користољубиви 6. Дволични
Ме нервирааат оние што цело време мислат дека се во право а не се всушност, дволични и оние што наредуваат цело време, што да правиш, како да правиш...
Дрвени филозофи, вака требало, онака требало, вака било правилно, па не било и толку потрошени зборови за апсолутно небитна и здодевна ствар... Скопски алапачи од кои човек не може да дојде до збор (не ни сака да ги арчи зборовите пред такви). Советодавци кои ништо особено не постигнале во животот и следствено на тоа, не се ниту прашани за совет.
Дволични, лажно добри ( зошто многу лесно можи да се види кој е искрен, а кој не), лажливи, вечни жртви, луѓе на кои не можиш да им се доближиш зошто врискаат со фрустрации. Други негативни карактеристики како арогантност, препотентност и сл., воопшто не ми сметаат со причина сите имаме негативни карактеристики и не ги криеме и нема ништо лажно за нив и од таму, воопшто, ама навистина воопшто не ми сметаат и ако имам океј муабет и кликниме со човекот - ќе се дружам макар и најѓубре да е. Ама тие кои ги набројав горе се засновани на лага, сем последното за фрустрациите. Воопшто неќам лажење. Знам да употребам јас и луѓе со кои сум во комуникација некој грешен детал за драматичен ефект, за кој покасно ќе се исправам ама во голем број случаеви знаеа дека е така зошто долго се дружиме. Исто така во друштво употребуваме и очигледна лага, пример ако накривам другар прам фаца до која сите знат дека сум јас. Не е лажење, туку правење да ти е интересно. Ама лажење во глобала, ме иритира. Е сега зошто ме нервираат фрустрираниве, со своите фрустрации пробуваат да ги лечат на некој друг. И под лечење мислам јадење лајна, напаѓање, осудување. Никој човек не заслужва да биди напаѓан или осудуван ради одлуки кои ги носи во својот живот. Не ми е проблем некој мене да ме нападни и осуди зошто не ми е гајле, а впрочем и многу тешко некој можи да ме изнервира или навреди, ама имам луѓе околу мене кои ми значат.
Лицемерни ( фејкирање сошрвенство од живот заради леченње комплекси итн..) Непринципиелни. Без никаков став и размислување ( да неможе човек да дискутира со нив ). Прегласни ( нема врска тоа што окулу има други луѓе ). Неодговорни ( цел живот вината ја бараат во друг ). Но никогаш не дозволувам нивата негатива да има некакво влијание врз мене, буквално бегам од вакво опркужување. Арогантни, безобразни, со пороци, депресивни неможам да ги декларирам како каратеристики, туку како минлив период зошто не им ја знаам приказната.
Дволични Егоисти Нарцисоидни Разгалени (мамини мази) Луѓе со негативна енергија Користољубиви Љубоморни !!!