Луѓе кои не ги гледаат своите постапки а коментираат за нечии други. Сакаат да бидат пример и да делат ум а они не практикуваат ништо од тоа. Знаете, како вие ќе се однесувате со луѓето така и они со вас, не очекувај нешто повеќе и подобро ако ти тоа не си го сторил за нив.
- Што омаложуват други со цел да испаднат попаметни. - Што ти ги извртуваат зборовите. - Што мислат дека се разбираат во сите подрачја и изиграваат експерти.
Zavidlivi,samobendisani,tie sto sekogas sakaat da se vo pravo,nesakam i lugje koi ogovaraat drugi,falbadzii....
Луѓе кои цел живот не научиле дека е некултурно во јавност да гаѓаат мрсулчиња од носот.... ЈОАКИМ ЛЕВ
Горделиви и самобендисани створења што упорно веруваат дека знаат се и не прифаќаат за жива глава никако дека не се во право. И напнати намќори што се погрешно си сфаќаат и само на расправии се наклонети. И лицемери слаткоречиви, луѓе што супериорно се понашаат, луѓе со синдром бог, егоисти и себични, фалбаџии и злобни до срж.
Завидливи,дволични, самобендисани,луге што лажат и ги возвишуваат своите дела само да те направат неспособен,луѓе што оговараат други,а и таквите што се прегледуваат да направат нешто слично на она што јас сум го направила
Ограничени, онакви-ем шуто, ем боде; оние што обожаваат да лепат етикети на луѓе и да исмеваат само за да бидат интересни; премногу самоуверени; луѓе што не сакаат да учат и дебатираат на теми за кои всушност имаат рекла-казала познавање; завидливи; без емотивна интелигенција... Ги жалам сите кои спаѓаат во горенаведените.