Кои осудуваат без да знаат манипулатори себични користољубиви вината да сакаат на друг да ја префлаат
Колку луѓе, толку карактери. Јас разбирам дека за да опстане човек во овој суров свет мора лицемерие да се прави ама јас таквите не ги можам и точка. Најмногу од се мразам некој да ми прави лице, мене или на некое трето лице. Сите знаеме дека таквите од авион се познаваат. Свесна сум некогаш дека треба барем лажна насмевка да оставиме пред некој, како ахам ти си супер човече, ама јас не го можам тоа. Ми се лоши од близината на таквите личности. Ама кажав колку луѓе, толку карактери. И за мене повеќето велат најверојатно дека сум дивјак невиден по природа , ама ете таква сум. Не сакам лажни фаци во моја близина, не склопувам лесно пријателства, и не ме сакаат баш поради тоа што секогаш она што мислам на глас го кажувам. И свесна сум дека тоа морам да го променам, јазикот понекогаш подобро да си го заврзам.
Самобендисани, полни со себе кои мислат дека цел универзум се врти околу нив и си замислуваат дека се за се' во право Исто и користољубиви. Тука се само кога нив им треба нешто.
Не сакам луѓе што ми глумат дека се спремни да прифатат нови мислења и ставови, а при првото несогласување одма рипаат и плус уште ако тоа не е аргументирано и им погодило болни точки, па после ти си им крив. Фејкери, луѓе што постојано бараат одобрување од другите у стилот „сите сакам да ме сакаат'' што е апсолутно невозможно, луѓе без емпатија. Секакви ги има, некои стварно не ми е проблем да ги игнорирам, ама конкретно овој тип на луѓе органски не ги поднесувам.
Тие што мислат дека се секогаш во право! Многу ги мразам таквите а најчесто и налетувам на нив. За секаква тема се тие знаат што е точно а што неточно. Не ти даваат да се искажиш и ако кажеш нешто точно ќе те убедат дека не е така. Значи многу мразам таков тип на луѓе. Исто така лажачи. Тие што а отворат уста а излажат нешто. За банални работи што лажат. А лицемерните ми се омилени, имам некаква моќ да ги препознаам навреме пак си поигрувам со нив хаха
Енергетски вампири, самобендисаните се исто така смешни, како што пишаа погоре, мислат дека светот се врти околу нив, а нема врска. Арогантни, мамини мази и синови, кои потценуваат, а не знаат да ценат. Лажговци, манипулатори. Ууффф, со набројувањето многу ги има, 90% од луѓето околу нас ги имаат овие особини.
Луѓе што се ко навијани, само зборуваат 24/7, и се 'јаки' на уста... Иии да... барем нешто паметно да кажеа
Како стареам оваа листа ми е се поголема. Сите имаме заедничка неподнослива група на луѓе, лицемери, лажговци, оговарачи. Надвор од тоа, за мене лично што ме нервираат се луѓе што упорно сакаат да се доминантни. Во било која група, дали потесно, пошироко семејство, работна средина, друштво. Само они се слуша како гракаат, кога некој друг зборува без пардон го прекинуваат и продолжуваат да верглаат. Наметнуваат нивни интереси, ставови, активности. Мислат дека се знаат и ми се многу напорни. Љубопитни луѓе кои пикаат нос буквално секаде. И најмногу од сите, луѓе што немаат осет за туѓ персонал спејс.