Пред се луѓе кои не прифаќаат критика-па човече заживеј во реалност. Ако сите ти велат дека нешто не е в ред седни малку и запрашај се. Самобендисани,упорни бегачи од реалноста, подмолни,љуборни, озборувачи без корпускули, луѓе полни со негативна енергија
Накитени со пердуви од родителите, ставени на оседлан коњ и со текот на годините целосно изгубиле контакт со реалноста. Во такви случаеви не ми е доволно тоа што знам оти имам многу повеќе содржина во себе од нив, тогаш само еден ваков потег посакувам...
Лицемери, ГАЗОЛИЖАЧИ, самобендисани, злобни, љубоморни, себични - сите ги имам околу мене во неограничени количини
ме нервираат луѓе што ги интересира секој детал од мојот живот, а што не ми се толку блиски за да би ги интересирало постојано потпрашуваат нешто и се мешаат ко зачин у манџа, и после нели, нормално, трачарат
Во моментов... луѓе, т.е. ЖЕНИ кои ми праќаат пораки на ФБ - те молам гласај за мојата слика од свадбата за совршен пар и спамираат ко луди. Жено, откачи се. Си се омажила, јееееј! Браво, ти и едно 3245154655 луѓе на светов. Значи понарцисоидно и суетно нешто од ова, здравје. И само жени го прават, не верувам дека на маж би му текнало ваква глупава и простачка идеја. Ако наградата е тефлонско тавче и да се мавнеш со него 3 пати по глава, ок. Ќе те гласам, Жено!
Аиии.. Највише ме нервираат особи шо: 1. Се прават нешо шо не се само за да бидат прифатени од околината 2. Наперчени и шмизли 3. Летнати на високо незнаејќи дека се ептен ниско 4. Шо се лигават и очекуваат сите да трчаат по нив и да ги молат за све.
Уфф значи низ цела Македонија има секаков народ почнувајќи од љубоморни луѓе кои мислат само како да ти наштетат за воопшто да не бидеш среќен/а оние луѓе кои мислат само на себе,ме нервираат и секакви сезнајковци демек во се се разбираат или се мешаат во туѓи животи, мразам напернат народ кој живее во облаци и мисле дека се е розово и ме нервираат луѓе што се лигават т.с лигуши....
Ме нервираат тие што на муабет се прават мн храбри, а на дело нигде ги нема, ме нервираат лигуши, некои што си се преценуваат себе си, оние што се прават дека се знаат...и то...
-Потрчковци (доста такви сум сретнала во својот живот, се молам на бога да ги нема повеќе) -Арогантни самобендисани створења -Искористувачи -Сезнајковци -Личности со ограничени гледишта, заглавени во периодот кога дедо Ное го изговарал својот прв збор;
Луѓе што немаат свое 2 ЈАС! Шо лесно потпаѓаат под туѓи мислења а немаат свое. Тие кои се наивни, и наместо да се изборат за нивното мислење, лесно и брзо потпаѓат под друго. Лицемерни и лигави!! Ауфф такви неможам да ви варам...... И онои кои лажат само за да добијат внимание или чисто онака само оти се глупи. Тие шо се само од корист, шо искористуват.
Во последно време се почесто се среќавам со луѓе кои навистина можат да ме извадат од такт. Многу ме нервираат оние кои постојано се фалат. Јас имам ова, јас вака направив, јас можам се, а уствари нема ништо од тоа. Многу ме нервира кога многу добро ја познавам особава, знаам колкави се нејзините можности и пак си продолжува како кој знае што се може. Барем нека го кажува тоа на некој што не ја познава како што треба Дволични и лицемерни луѓе, завидливи (види тој што направил, мора и јас да го направам тоа) Злопамтила ( тој ми има направено лошо, кога тогаш ќе му вратам)- со ова можеби многу карактери нема да се согласат, но јас сум таква воопшто не се замарам со тоа, кога тогаш самиот ќе си плати за своето дело-недело.
Лажењето во очи ме иритира како ништо на светот! Мразам кога некој ме лаже во очи, едноставно не можам да го поднесам и не преминувам преку тоа.
ме иритира коа некој ми тера инат а знае дека сум во право, кога некој ме лаже у очи а ја знам вистината..
Прости, ограничени и себични луѓе. Мразам луѓе со застарени сфаќања, кои што не ти даваат ни шанса да се докажеш и те сечат веднаш во збор ако кажеш само едно нешто што нив нема да им се допадне. Луѓе кои што се спремни да направат се` само за да го добијат тоа што го имаат зацртано. Не одбираат средства, начини, не гледаат наоколу, туку само дејствуваат по својот план, не шмирглајќи ни 2% никој. Користољубиви луѓе, те познаваат само кога им треба нешто и луѓе кои што не знаат да ги ценат работите што ги нуди животот. Е такви луѓе, во глобала.