Luge neidgovorni sto ne znaat svojata vina da si ja prifatat. Luge vecito so negativna mislenje bukvalno za se. Pesimisti.....
Луѓе што зборат за некој цело време а после некое време се здружат со тие луѓе и забораваат на сите зборови за нив , ете тие ме најмногу нервираат и не ги МОЖАМ
Луѓе кои се полни со себе а не се ништо со што би отскокнале од околината, самобендисани кои партиски се вработиле па сега се контра банда, луѓе кои и себеси се продале а сега ми глумат поштени и елита. Како тоа таа и таа која се вработила на таа позиција е рент а кар, а ти го работиш истото и си светица, побогу приземјете се.
Порано најмногу ме нервираа напорни луѓе што не знаат што сакаат. Сега никакви луѓе не ме нервираат бидејќи првенствено се трудам да ги разберам.
Луѓе што само зборуваат за себе. Јас ова... Јас она... Моите ова.... Сопругот она.. Цело време сакаат да бидат центар на внимание. Фалбаџии.
Сè набројани од погоре, секако. Никој нејќе напорни или злобни луѓе. Ама презирам флегматични и/или мрзливи луѓе. Ја мразам таа енергија што ја шират, одбивна ми е претерано.
Не можам да поднесам особи кои стално кажуваат дека се некој друг е крив за ситуацијата во која се наоѓаат. Другите луѓе им мислат лошо, им прават лошо, околината е крива, системот е крив, комшијата е крив затоа што ги погледнал чудно пред 10 години па ги урочил... Се некој друг е виновен, а не согледуваат дека самите допринеле да се најдат во таква ситуација.
Не поднесувам луѓе-жалопојки. Се жалат за сè во животот. Разбирам дека им е тешко, ама ни мене не ми е лесно ... и не планирам на никој да се жалам.