Некои се родени нон стоп да навредуваат, ама...еднаш некој да им каже нешто на нив што не е ни навредливо, туку еден совет само (што и самите го побарале), веднаш плачки, па жалење по други, итн. А бе соочете се директно со таа личност, а не да се жалите по други, како малите деца. Возрасни треба да знаат да се соочат со секакви препреки и проблеми. И не значи дека ако некој ви дал совет треба да го примените, на крај краева не ни барајте совет тогаш.
Осудувам луѓе што немаат општи познавања, не знаат историја, географија или општа биологија а се прават паметни. На нивно место би се срамела и не би кажувала работи за кои немам истражено доволно, ниту ги разбирам. Истотака ме нервираат луѓе што единствено ги интересира тоа што ќе кажат другите и се неизживеани затоа што им е страв да превземаат ризик или да пробаат нешто ново. За крај, луѓе без манири ми се на исто ниво со животните. Како може да имаш 20+ години и да не знаеш да јадеш со нож и виљушка, да зборуваш гласно, да џвакаш гласно, да фрлаш ѓубре на улица и слично?
Луѓе што пишуваат незнам, во ред е на сите некогаш ни се случува од брзање, невнимание, но кога 10 пати е напишано незнам значи не е веќе грешка
Ко ќе станите директори фацата ви се менува а за друго да не прајме муабет. Арно се рекло, дај му власт па ќе видиш шо човек е.
Ги презирам луѓето кои џвакаат со отворена уста мастика. Исто и луѓе кои џвакаат гласно и со шматање (мљацкање). Не можам да разговарам со луѓе кои додека збориме гледаат во телефон.
Имам предрасуди кон млади од по 20/30 кои следат турски серии, ми го имаат она бабското у себе. Како голем успех го доживувам тоа што моите по дома не ги следат, а и во друштво немам таква особа.
По малку осудувам луѓе што после прво дете со тешка генетска болест, безгрижно се решаваат на второ дете.
Изградиле дом од плац до кров,и да ги исфрли на улица жената и ќерката за да си живее со швалерката?! Не да му судам,го колнам!
Ме нервираат луѓе што сакаат цело време да се центар внимание. Па као цело време им се врти свест, па припаѓаат, па ги боли глава. Побогу оди на болница штом секој втор ден ти се врти во глава. Кога темата не ги опфаќа нив одма им се појавува по некоја дијагноза.
Имам ниско мислење за луѓе што им е хаос и нечисто дома. Не можам да разберам да очекуваш гости а дома да ти е како кочина. За мене не важи она: кога одиш кај некого на гости влегуваш слеп излегуваш нем. Јас напротив гледам какво им е, до толку што ако ми е многу нечисто(според моите мислења) нема да се послужам со ништо со некој си изговор као не ми е добро нешто на стомаков.
Да се дополнам 1. Тешко ми е да разберам како луѓе можат да живеат без животни. Ок, избор е нормално, ама мене ми се чини светов сив и празен без мекуши во него. Не е важно куче, мачка, папагал... што да е. А осудувам најдлабоко и најискрено луѓе што активно не сакаат животни и им нанесуваат лошо. Оние што коментираат "додека помагаш на животни, помогни на луѓе" ме одвратуваат и кога сакам да помагам на луѓе, иако всушност би рекла дека на луѓе повеќе помагам. Ама таков коментар предизвикува револт, а на тие коментатори лично можам и вода да не им дадам да преживеат, а бунар да имам, до толку знам petty да бидам. 2. Преидиотно ми е заеднички профил со партнер. Пример: Трпе Трпана Трпковски. Ај стариве кај што едниот не ни користи секако, некако, ама младиве што се "пазат" Во истиов муабет ми е преидиотно во био на фејс или инста кога секој можен датум е напишан ама детално, од кога се бациле, кога се вериле, венчавале, кога се родиле децата, кога умрел некој итн. Посебно знакчето свет и катанец до линкнат профил од мажот, а тој шврљач... 3. Страшен тригер ми се мали деца, не бебиња, на пример 3-7 годишни. Они си се нормални, јас тешко поднесувам. Денес во еден ресторан каде што бев, на едно дете му беше досадно и цело време ја отвараше и затвораше вратата ама ја удираше, значи гласно, ја трескаше. Кога ќе го спобркаа родителите, трчаше околу сите маси. Јас си заминав, пренапорно ми беше, плус имаше и други растрчани деца. На далечина не ми е проблем, ама апла до мене... голем. 4. Судам луѓе што се објавуваат како плачат јавно. ШОВИЕ.
Осудувам жени што дозволуваат мажите да им меркаат други жени пред нев и коментираат каква е. Уште поголемо дно е кога и она ќе прокоментира каква е... Таквите жени се бедни и несигурни!
Имам ниско мислење за луѓе кои слабо одржуваат лична хигиена, домот им е хаос, а трачарат и за познати и за непознати, згора на сѐ, се незаинтересирани за самите себе, за личен развој и себе-подобрување. Најгадно ми е кога ќе слушнам како некој негативно коментира аутфит на било кој, одма го гледам со други очи. Не ми се јасни луѓето кои на 20тина години сѐ уште не знаат како едно јајце да спржат, и луѓе кои упорно избегнуваат да се осамосталат пошто полесно е мамичка и татичко све да ни пазарат, готват итн. Не ми е јасно како постојат луѓе кои не си го знаат матичниот број напамет, мислам хелоу, лично твој е. Ми се менува мислењето за тебе ако си атеист и ако отворено си кажуваш дека мразиш животни. Избегнувам луѓе желни за внимание, едноставно има нешто шо ми е одбивно кај нив.
Луѓето кои не сакаат животни ги гледам си други очи. Посилно е од мене да мислам дека има нешто одвртно и злобно во нив. Многу осудувам луѓе кои на социјалните мрежи споделуваат како децата им се борат со некава болест, ги снимаат во болница, мислам не моментот да делиш совети за болница или да споделуваш тешки денови, да осврнуваш внимание на борба со некоја болест, туку моментот кога го снимаш детето во неговиот најранлив момент и го споделуваш со цел свет. Исто и @CameliaMiller ме потсети, осудувам луѓе кои се снимаат како плачат, мислам втф, ставаш камера и 1,2,3 сега плачи. И посебна категорија ми се луѓе што снимаат погреби на деца, кои споделуваат секојдневно како се борат со тагата. Не знам на кој во тие моменти ќе му дојде до социјални мрежи и да споделува погреб на свој близок, дно.
Мразам кога некој меша македонски и англиски додека зборува или кога користи англиски зборови за кои постои соодветен превод и ми звучи како во секој момент да ќе поврати.
Ги презирам луѓето што се прават најпаметни и им го плескам тоа отворено. Не можам да смислам луѓе што се дрвени адвокати и цело време цепидлачат. P.S. Да, ја згрешнав темата малку
Манипуланти, лажговци, мамини синчиња и татини принцези, со негативна енергија, повлечени луѓе што слабо им оди комуникација и срамежливи.