Луѓе што се во нашиот живот само колку да пратат до каде ќе стасаме... Е тие,коишто очекуваат да им се исповедаш на тоа едно кафе во годината...
Секој кој фрла ѓубре каде му текне, а не во корпа ми доага да му учукам една во носо! Како комшијата што ем колата му стои пред куќа на друг па и ѓубрето од неа го вади до кола, пред, зад Стока ѓубросана
Лицемерни, оние што лажат, и морам да кажам непедантен човек ужасно ме нервира. Мислам дека тогаш сето лошо од мене излегува
Дволични личности кои им се прават пријатели на луѓе, а ги оговараат зад грб и тоа со сељачки потсмев. Незрели личности кои не умеат да смислат аргумент, па се служат со извртувачки атак.
Никад, ама баш никад нема да ги разберам луѓето од која црна причина битни работи договараат по пораки. Мислам, као, зашо?!? Пример, планирање патување. Побогу, зошто не може да се слушнеме по телефон, 2 минути активен разговор може да заштедат 3 часа куцање, праќање, читање и милион недоразбирања Едит: и да, имам ниско мислење за луѓето што не сакаат да зборуваат по телефон, не мислам на она зборување бесцелно по цел ден, туку вакви битни работи.
Луѓе што ветуваат дека ќе помогнат, што нудат соработка, но кога ќе дојде моментот ги снема како дух. Лажговци.
Луѓе што си даваат право да ми коментираат дали е рано или касно за бебе и луѓе што ми јадат го**а за кариерните планови и зошто "ризикувам" да изградам нешто свое место да работам од 8 до 4 и да сум си на сигурно. Кога сакам ќе се размножувам, што сакам ќе работам, ако сакам и крави ќе молзам а ако сакам и дома ќе си ја прчам.
Ужасно ме нервираат луѓе кога се фалат дека не знаат да готват. Жена, образована, со две деца, чека од мајка и која едвај се движи да и зготви ручек. Не дека брка некоја кариера или дека ја има ама не можела, и пред се ја мрзело бе да готви. Не оваа, некоја трета, петта, кога ми кажат така ми се темни. Не мора да знаеме тенки кори да вртиме на два прста, ама обична манџа да не знаеш на дете да зготвиш Имам лошо мислење за родители кои нивните стари родители не и потпомагаат туку ги чуваат, хранат и учат со нивните деца. И кога ќе кажат па што им е од работа и така нема што да прават Цел живот треси се за твои, после ти тупнат внуци, и така се во круг. Сум за потпомагање ама не помагање до онесвестување.
Да не сакаш да готвиш можам единствено да разберам ако немаш деца а неприфатливо ми е со деца да не готвиш, па од ќејф ќе им готвам на децата, таквите родители што не им готват на децата се деф нарцисоидни. И многу ме нервира некој кога ќе каже не знам да готвам, ја што ретко готвам ако следам рецепт искача супер зготвено ко од ресторан така да неготвењето не е незнаење туку лична одлука или ради мрза или у мојов случај сметам дека ми губи време и не ми се исплати кога веќе има да се купи готово.
Имам другарка чека да и направат ручек свекрвата и баба и на 80 години. Неа ја мрзи да и спреми храна на ќерката. Секој ден е со готови кашички, го жалам девојчето. Јас разбирам не може секогаш домашно ама до толку да те мрзи еден компир да свариш и да испасираш.